Vibe On БЕСПЛАТЕН пакет за млади од 15 до 25 години

Отварањето на пакетот за млади со навршени 18 години се врши лично во експозитурите на Шпаркасе Банка, со документ за идентификација (лична карта или пасош).
Младите на возраст од 15 до 18 години, при отварање на пакетот, потребно е да бидат застапувани од страна на законски застапник лично во експозитурите на Шпаркасе Банка, со документ за идентификација (лична карта или пасош) за застапникот и извод за малолетното лице.

VIBE on пакетот за млади вклучува:

  • Ослободување од провизија за месечно одржување на платежна сметка
  • Ослободување од членарина за дебитна картичка
  • Ослободување од провизија за месечно одржување на S-Banka мобилна апликација со привилегија плаќање (БЕСПЛАТНО плаќање на пријател преку телефонски именик; подели сметка со пријател преку телефонски именик)
  • Четири БЕСПЛАТНИ подигнувања на готовина месечно на АТМ од било кој АТМ во земјата (надвор од мрежата на Шпаркасе)
  • БЕСПЛАТНО неограничено вршење трансфери (плаќања) со безготовински налози (хартиено и електронски) за факултетски услуги преку ПП30/ПП50 (такси, испити, партиципација и сл.) и останати трансфери (ПП30 интерно и екстерно);
  • БЕСПЛАТНО менување ПИН на дебитна картичка (на АТМ);
  • БЕСПЛАТНА обнова на истечена дебитна картичка;
  • Три БЕСПЛАТНИ проверки месечно на состојба на сметка преку ATM;
  • Едно БЕСПЛАТНО реиздавање на ПИН на барање на имателите на платежни картички;
  • Една БЕСПЛАТНА ре-изработка на изгубена / украдена / оштетена картичка / промена на лични податоци;

По навршување на 25 години, бесплатниот пакет за млади автоматски преминува во редовен С-пакет, дел од тековната понуда на банката.