„Големи награди, за МАСТЕР уживање!“

Купувај со картичките „Mastercard“ од Шпаркасе Банка и освој вредни награди:

• Автомобил Opel CROSSLAND X

• Зимување во Австрија за двајца

• Три мобилни телефони Apple iPhone X

ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Квалификувани за учество во Наградната игра се сите полнолетни физички лица – државјани на Република Македонија (лица со и над 18 годишна возраст), кои се корисници на било која од следните картички издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје:

    • Mastercard Debit дебитна картичка за физички лица
    • Maestro дебитна картичка за физички лица
    • Mastercard Standard кредитна картичка за физички лица
    • Mastercard Gold кредитна картичка за физички лица,

кои на денот на извлекувањето на наградата немаат повеќе од 30 дена достасани, а неподмирени обврски кон Шпаркасе Банка Македонија кои произлегуваат од користењето на горенаведените производи.

Еден учесник во Наградната игра има право да биде извлечен само за една награда од вкупниот број на награди

Наградната игра се организира на територијата на Р. Македонија за физички лица – корисници на картички од брендот Mastercard и Maestro издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Правила на наградната игра

Наградната игра започнува на 15.10.2018 година и трае до 15.12.2018 година.

Извлекувањето на наградите ќе се изврши на 20.12.2018 година со почеток во 12:00 часот, во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје со адреса ул. Македонија 9-11, Скопје.

Правилата на наградната игра „Големи награди, за МАСТЕР уживање!“ може да ги погледнете на линкот во продолжение.

Доколку сакате да се откажете од учество во наградната игра потребно е да ја пополните оваа изјава. За сите дополнителни информации во врска со условите за наградната игра обратете се во експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија или јавете се во контакт центарот на 02 3200 600.

Награди

Во Наградната игра ќе бидат доделени следните награди:

  • Автомобил Opel CROSSLAND X од Аутомакедонија АД Скопје
  • Зимување во Австрија за двајца од Атлантик ДООЕЛ Штип
  • Три мобилни телефони Apple iPhone X од АЈСТАИЛ ДОО Скопје

Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на Наградната игра.

СМС известување

Добивајте СМС пораки за секоја ваша трансација.

sToken

Го прави користењето на електронско банкарство привлечно.

Електронско банкарство

Носете ја банката секаде со вас.

Извод на e-mail

Договорете си online поштар секој месец.