Тргување и чување на хартии од вредност на странски пазари

БРОКЕРСКИ УСЛУГИ НА СТРАНСКИ ПАЗАРИ

„Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје" на своите клиенти им овозможува користење на брокерски услуги за тргување со хартии од вредност на над 30 странски берзи, вклучувајќи ги најголемите светски берзи како New York Stock Exchange, NASDAQ, London Stock Exchange, NYSE Euronext – Paris, Xetra Frankfurt, Borse Frankfurt, Tokyo Stock Exchange и други. На сите овие берзи, клиентите ќе може да тргуваат со акции, обврзници и ETF.

СТАРАТЕЛСКИ УСЛУГИ НА СТРАНСКИ ПАЗАРИ

Тргувањето на странски пазари, ја наматнува потребата за чување на странските хартии од вредност во странски банки и депозитари. За таа цел, „Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје", на своите клиенти им нуди старателски услуги преку кои хартиите од вредност кои клиентите ќе ги купат во странство ќе се чуваат преку Шпаркасе Банка кај реномирани банки – членки на Erste&Steiermärkische групацијата, што овозможува високо ниво на сигурност и безбедност на инвестициите, како и брзо и ефикасно извршување на старателските услуги.

Дополнително, преку старателските услуги, Шпаркасе Банка нуди брз и едноставен начин на порамнување на трансакциите на странските пазари, известувања за корпоративни акции на издавачите на хартии од вредност, наплата на дивиденди, камати и главници и останати услуги.

КОНТАКТ

Тел: 3200-785; 3200-710

Email: BrokerSP@sparkasse.mk Custody@sparkasse.mk