facebook
you-tube
41.Седница - Јавен повик

Врз основа на член 49 став 1 т.41, а в.в. со член 30 став 4 и став 5 од Статутот на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, Надзорниот одбор на

 

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ

ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА

 

П  О  В  И  К

за учество на Собрание на акционери

 

Собранието на акционери на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ќе се одржи на 30.05.2017 година (вторник), со почеток во 16:00 часот, во седиштето на Банката  ул.Македонија 9-11 Скопје, со следниот 

 

ДНЕВЕН РЕД

 

1. Избор на  претседавач со Собранието, Нотар и бројач на гласови
2. Разгледување на Записник од 40.седница на Собранието на акционери
3. Финансиски извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за 2016 година, ревидирани од ревизорско друштво , Одлука
4. Консолидирани финансиски извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за 2016 година, ревидирани од ревизорско друштво, Одлука
5. Годишна сметка и финансиски извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за периодот 01.01.-31.12.2016 година, Одлука
6. Консолидирана годишна сметка и финансиски извештаи на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за периодот 01.01.-31.12.2016 година, Одлука
7. Извештај за работењето на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во 2016 година, Одлука
8. Одлука за распределба на добивка од 2016 година
9. Извештај за работата на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во 2016 година, колективно и од аспект на поединечните членови
10. Одлука за именување на член на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, (CV)
11. Одлука за измени и дополнувања на Статутот на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и усвојување на пречистен текст на Статутот
12. Одлука за измени и дополнувања на Деловникот за работа на Собранието на акционери и усвојување на пречистен текст

 

Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.

Приjавите да се достават до Банката – Кабинет на Управен одбор.

Собранието ќе одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред, согласно Статутот на Банката и Законот за трговски друштва.

Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговските друштва.

Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката по писмен пат или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоштвата и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.

Согласно Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас, имаат право да доставуваат предлог за дополнување на дневниот ред и одлуки по точките од дневниот ред.

Акционерите можат да доставуваат предлози за вклучување на нови точки во дневниот ред, предози на одлуки и прашања и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен јавниот повик а подетални информации за постапката на доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.sparkasse.mk.

Барањето за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред на Собранието што е свикано, се испраќа до органот што го свикал Собранието на Банката, и тоа во рок од 8 (осум) дена од денот кога е испратена поканата, односно од денот кога е објавен јавниот повик за учество на Собранието.

Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и на интернет-страницата на Банката www.sparkasse.mk.

 

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД Скопје

НАДЗОРЕН  ОДБОР

Претседател

Сава Далбоков

 

 

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје