• 2016 2 Јуни
    Соопштенија ШПАРКАСЕ БАНКА ДЕЛ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ОПРЕМУВАЊЕ НА ДЕТСКА СОБА НА КЛИНИКАТА ЗА РАДИОЛОГИЈА И ОНКОЛ

ШПАРКАСЕ БАНКА ДЕЛ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ОПРЕМУВАЊЕ НА ДЕТСКА СОБА НА КЛИНИКАТА ЗА РАДИОЛОГИЈА И ОНКОЛОГИЈА

Денес, во 12 часот, во просториите на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија Скопје, беше објавена хуманитарната иницијатива за опремување и разубавување на детската соба која функционира во склоп на клиниката.

Шпаркасе Банка Македонија, во рамките на својата платформа за општествена одговорност - Sparkasse Life, ја поддржи иницијативата на здружението „Дајте ни крилја“ и ФОН Универзитетот, за опремување и разубавување на детската соба на Клиниката за радиотерапија и онкологија, преку донација на мебел, телевизор и играчки за децата кои се лекуваат на оваа клиника.

Идејата за овој проект произлезе на проф. д-р Александра Србиновска – Дончевски од ФОН Универзитет, Ана Јорданова од Луминари медиа и Ребека Јанковска-Ристевски од здружението „Дајте ни крилја“. Реализацијата на оваа иницијатива ја овозможија универзитетскиот професор доц. м-р Милош Милосављевиќ заедно со студентите на Мултимедија и дизајн при ФОН Универзитет, м-р Тодорка Сајкова, Директор на Службата Маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка, Бимек и наставничката Марија Гавриловски од ОУ Ј.Х Песталоци - Скопје.

Овој проект треба да претставува вистинска инспирација, но и поттик за бизнис секторот проактивно да се вклучи во проектите за подобрување на условите за лекување на лицата заболени од тешки и ретки болести. Sparkasse Life платформа опфаќа повеќе области од општествениот живот кои до сега Шпаркасе Банка Македонија успешно ги развиваше во рамките на нејзината стратегија за корпоративна општествена одговорност, а која опфаќа повеќе сегменти: културата и уметноста, здравството, образование и наука, како и социјално ранливите категории на граѓани и лицата со тешки и ретки болести.