• 2016 22 Ноември
    Соопштенија КХВ ИЗДАДЕ ОДОБРЕНИЕ НА ШПАРКАСЕ БАНКА ЗА УЧЕСТВО НА ПАЗАРОТ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

КХВ ИЗДАДЕ ОДОБРЕНИЕ НА ШПАРКАСЕ БАНКА ЗА УЧЕСТВО НА ПАЗАРОТ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје преку Одделението за работи со хартии од вредност ќе биде 11-ти овластен учесник на нашиот пазар на хартии од вредност.

Со оваа одделение, во следните три години ќе раководи Драган Илкоски.

Одделението за работи со хартии од вредност ќе ги врши сите услуги со хартии од вредност и тоа:

  • купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиентот;
  • купување и продавање на хартии од вредност по налог и за своја сметка;
  • управување со портфолио на хартии од вредност;
  • вршење на активности за сметка на издавачот на хартиите од вредност потребни за јавна понуда на хартии од вредност;
  • дејствување како покровител при котација;
  • инвестициско советување;
  • активности за сметка на трети лица за преземање на акционерско друштво во согласност со Законот за преземање на акционерски друштва;
  • чување на хартии од вредност;
  • прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност и вршење дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.

На седницата што се одржа на 21 ноември, 2016 година, КХВ обнови една дозвола за брокер и издаде една лиценца за инвестициски советник.