• 2016 29 Декември
    Соопштенија ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КЛИЕНТИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КЛИЕНТИ

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека на ден 31.12.2016 година (сабота) експозитурите на Шпаркасе Банка и сервисот за електронско банкарство ќе работат со редовен режим на работа за ден сабота.

На ден 02.01.2017 година (понеделник) од 06:00 часот сервисот за електронско банкарство ќе биде во прекин краток временски период.

Ви посакуваме среќни празници!

Шпаркасе Банка,

Банка на вашето семејство