• 2016 29 Декември
    Соопштенија ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ

Празнично изненадување од Шпаркасе Банка! Исплата на пензиите на 30-ти декември.

Пред почетокот на новогодишните празници, Шпаркасе Банка на своите клиенти - корисници на услугата „Пензија на 1-ви“, ќе им ја исплати декемвриската пензија на 30-ти декември.

„Пакетот за пензионери“ е креиран специјално според потребите на пензионерите, но негова главна предност е тоа што клиентите ја добиваат својата пензија – точно на 1-ви секој месец. Со ова прецизно, редовно и навремено исплаќање на пензиите, нашите клиенти можат практично и навремено да управуваат со своите средства.

На нашите клиенти пензионери, како и на нивните потесни семејства им посакуваме Среќна Нова година и убави празници!