• 2017 13 Април
    Соопштенија ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ - ВЕЛИГДЕН

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ - ВЕЛИГДЕН

Почитувани,

Согласно информацијата на Министерство за труд и социјална политика и согласно Законот за празници на РМ, („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 14 април 2017 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Исто така 17 април 2017 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Експозитурите на Шпаркасе Банка нема да работат во петок 14.04.2017 година и во понеделник 17.04.2017 година.

Во сабота 15.04.2017 година Шпаркасе Банка ќе работи како вообичаено со редовен режим на работа за сабота.

На граѓаните од православна вероисповед и на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честитаме големиот христијански празник Велигден.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје