• 2017 1 Септември
    Соопштенија ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН

Почитувани,

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 1 септември 2017 година (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Македонија.

Согласно горенаведеното, ве известуваме дека експозитурите Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар и Кичево нема да работат на 01 септември 2017. Прв работен ден по празникот е 02 септември 2017 (сабота), со исклучок на експозитурата Дебар која ќе продолжи со работа на 04 септември 2017 (понеделник).

Сите останати експозитури ќе работат со редовно работно време.

Шпаркасе Банка Македонија им го честита празникот на сите граѓани од муслиманската вероисповед.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје