• 2018 21 Јуни
    Известувања Известување

Почитувани,

Би сакале да Ве известиме дека во изминатиот период на социјалните мрежи се појави невистинита интернет понуда од авиокомпанијата „Визер“ која опфати понуда за продажба на авионски билети за само еден долар во рамки на одбележување на 15-годишнината од формирањето на авиокомпанијата. Сепак, официјалните извори информираа дека наградната игра авиокомпанијата не ја организирала и дека името на компанијата, логото и сите останати релевантни податоци се злоупотребени

Тимот на Шпаркасе Бана Македонија силно апелира до сите корисници да внимаваат при користење на непознати интернет страници особено пред да се пристапи кон внесување на личните податоци и податоците од платежните картички

Доколку забележите сомнителна активност или сметате дека некој неавторизирано пристапил кон злоупотреба на Вашите податоци, Ве молиме обратете се до најблиската експозитура на нашата банка или до контакт-центарот на телефонскиот број + 389 2 3200 600

За да Ви овозможиме чувство на сигурност, би сакале да ја искористиме оваа прилика и да издвоиме неколку корисни совети за секојдневното користење на Вашите картички:

• Купувајте само од интернет страници на проверени компании во кои имате доверба

• Никогаш не го внесувајте ПИН кодот- тој никогаш не е потребен за вршење нарачка

• При вршење нарачка преку интернет најчесто продавачот ги бара следните податоци: име и презиме, адреса, број на картичка, код за валидација или 3 digit value (се наоѓа на задниот дел од картичката) и рокот на важност на картичката

• Осигурете се дека интернет-страницата на која ги внесувате податоците од вашата картичка е безбедна-побарајте сликичка од клуч или заклучено катанче на долниот десен дел од екранот и проверете дали интернет адресата зaпочнува со https:// наместо со http:// • Водете евиденција на интернет-страните од кои купувате. Многу интернет продавници доставуваат e-mail до купувачот со сите податоци од нарачката-испечатете примерок од истото

• Никогаш не испраќајте податоци за Вашата картичка доколку не сте ја иницирале вие нарачката

• Проверете ги условите за продажба и за откажување на нарачката бидејќи при меѓународни плаќања е можно да бидете изложени на дополнителни царински и други трошоци

• Доколку ја откажувате нарачката по плаќањето, задолжително побарајте број со кој се потврдува откажувањето на нарачката, со цел да избегнете плаќање за веќе откажана нарачка

• Побарајте телефонски број и e-mail за контакт од продавачот и запишете ги

Тимот на Шпаркасе Банка Македонија Ве охрабрува да ги користите услугите за електронско следење на Вашите сметки: електронско банкарство, мобилно банкарство и СМС известување, со цел постојан увид во промените на Вашата трансакциска сметка и добивање СМС порака по секоја реализирана трансакција.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија