• 2018 7 Декември
    Соопштенија Известување - 8-ми декември неработен ден

Почитувани,

Согласно информација од Министерството за труд и социјална политика и согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2018 година (сабота), ,,Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Ве известуваме дека на ден 08.12.2018 година (сабота) експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија нема да работат. Експозитурите продолжуваат со работа со редовното работно време од ден 10.12.2018 година (понеделник). Во меѓувреме, Ви стојат на располагање алтернативните канали за извршување на секојдневните банкарски трансакции и услуги, како што се банкомат, мобилно и електронско банкарство.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија