• 2016 28 Април
    Соопштенија ИНФОРМАЦИЈА ЗА НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ - ВЕЛИГДЕН

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ - ВЕЛИГДЕН

Почитувани,

Согласно информацијата на Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празници на РМ 29-ти април 2016 година (петок), Велики петок е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Р. Македонија.

Исто така 1-ви мај 2016 година (недела), Денот на трудот, односно 2-ри мај 2016 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Р. Македонија.

Банката нема да работи во петок, 29-ри април 2016 година и понеделник 2-ри мај 2016.

Во сабота, 30-ти април 2016 година експозитурите на Банката ќе работат со редовен режим на работа за сабота.

Ви посакуваме среќни празници!

Шпаркасе Банка Македонија