• 2016 12 Мај
    Соопштенија ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДИГИТАЛНО ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДИГИТАЛНО ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Почитувани,

Следејќи ги најновите стандарди за безбедност во информатичката технологија, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје наскоро ќе започне со дигитално потпишување на документите кои се доставуваат на е-маил адресите на клиентите. Тоа значи дека Банката ја потврдува и ја гарантира автентичноста на доставениот документ. Дигитално потпишаните документи можат да се отворат на вообичаениот начин како и до сега.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје