• 2018 8 Октомври
    Известувања Известување за клиенти

Почитувани клиенти,

Почнувајќи од 01.11.2018 година, Шпаркасе Банка Македонија за своите клиенти ја воведува услугата бесплатни СМС известувања за сите направени трансакции во странство (интернет, банкомат и ПОС уред) и во земјата за интернет трансакции со платежни картички издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. Оваа услуга ќе Ви овозможи добивање бесплатни известувања кои ќе ги добивате на мобилните телефонски броеви кои ги имате доставено до Банката во рамки на вашите контакт податоци.

Доколку има потреба од ажурирање на податокот за мобилниот телефонски број на кој ќе пристигнуваат СМС известувањата, или доколку не сакате овозможување на оваа бесплатна услуга, Ве молиме да се обратите во најблиската експозитура на Шпаркасе Банка Македонија до 01.11.2018 година.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија