• 2018 10 Октомври
    Известувања Известување - Неработен ден 11.10.2018 година

Почитувани,

Согласно информацијата на Министерство за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ, 11 октомври 2018 година (четврток), Денот на народното востание е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Ве известуваме дека на ден 11.10.2018 година (четврток) експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија нема да работат. Експозитурите продолжуваат со работа со редовното работно време од ден 12.10.2018 година (петок). Во меѓувреме, Ви стојат на располагање алтернативните канали за извршување на секојдневните банкарски трансакции и услуги, како што се банкомат, мобилно и електронско банкарство.

Шпаркасе Банка Македонија го честита Денот на народното востание на сите граѓани на Република Македонија.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија