• 2018 24 Декември
    Известувања Известување за клиенти - променлива каматна стапка

Почитувани клиенти,

Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на своите клиенти, а во насока на следење на најновите пазарни трендови, ги информира постојните клиенти, физички лица, кои се корисници на кредитни картички и дозволени пречекорувања, дека почнувајќи од 01.01.2019 година, кај овие производи Банката ќе започне со примена на променлива каматна стапка. Таа е дефинирана како референтна каматна стапка на НБРМ за денарски депозити без валутна клаузула + маржа, и не е повисока од највисоката законски дозволена висина на каматна стапка.

Како референтна каматна стапка при определувањето на променливата каматна стапка ќе се користи стапката што е последно објавена и достапна на веб-страницата на НБРМ на секој 25.12. и 25.06. под називот „каматна стапка на денарски депозити без валутна клаузула“ и таа ќе се применува во периодот од 01.01. до 30.06 односно од 01.07 до 31.12 респективно.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија