• 2018 26 Декември
    Соопштенија Соопштениe за јавност - Доделени наградите од наградната игра "Големи награди за МАСТЕР уживање"

Доделени наградите од наградната игра „Големи награди, за МАСТЕР уживање“ на Шпаркасе Банка

Денес, во 12:00 ч. во салонот на Аутомакедонија во Автокоманда беа доделени наградите од наградната игра „Големи награди, за Мастер уживање“, која беше организирана од Шпаркасе Банка Македонија за корисниците на платежните картички Mastercard, во периодот од 15.10.2018 до 15.12.2018 година.

Официјалното извлекување се одржа на 20.12.2018 г., во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, под контрола за регуларност на тричлена комисија, составена од двајца претставници од Банката и овластен нотар.

„Право на учество во наградната игра имаа сите постојни и нови корисници на платежните картички Mastercard и Maestro издадени од Шпаркасе Банка, кои со секоја трансакција над 300,00 денари во периодот од 15.10.2018 до 15.12.2018 година стекнуваа шанса за учество, а со бесконтактната картичка Mastercard Debit двојно учество. Одличните награди привлекоа големо внимание и им донесоа голема радост на среќните добитници:

• ВИКТОРИЈА ПЉАКОСКА од Охрид - добитник на автомобил Opel Crossland X

• СЛАВИЦА НИЧЕСКА од Струга – добитник на зимување за двајца во Австрија

• МИЛЕ ПАВЛОВ од Скопје - добитник на мобилен телефон Apple iPhone Х

• ЛАЗО УЗУНЧЕВ од Скопје - добитник на мобилен телефон Apple iPhone Х

• ВЕРИЦА СИНАДИНОВСКА од Гостивар - добитник на мобилен телефон Apple iPhone Х

Им честитаме на среќните добитници и им посакуваме да уживаат во наградите заедно со своите семејства и да останат верни корисници на услугите на Шпаркасе Банка Македонија!