• 2019 4 Април
    Соопштенија Штаермеркише Шпаркасе Групација (консолидиран) - Годишен резултат со состојба 31 декември 2018

2018 финансиска година со рекорден резултат

Штаермеркише Шпаркасе Групација (консолидиран)

Годишен резултат со состојба 31 декември 2018

 

Од лево кон десно: М-р Франц Кербер, Заменик Главен извршен директор, Д-р Герхард Фабиш, Главен извршен директор, МБА Сава Далбоков, Член на Управен одбор, Д-р Георг Бухер, Член на Управен одбор

Fotocredit: NYR Design & Potography

► Добивка по оданочување 178 милиони евра, оперативен резултат 213 милиони евра

► Над 6 милијарди евра за корпоративно финансирање – раст од 7%

► Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Банка во Хрватска е најдобра банка-ќерка со добивка од 136 милиони евра, распределба на добивка за Групацијата Штаермеркише Шпаркасе 56 милиони евра

► Добри стапки на пораст
    На домашниот пазар – пораст на кредити 6%, пораст на депозити 8% 
    Во странство – пораст на кредити 11%, пораст на депозити 12%

► Над 45.000 нови клиенти

„Во 2018 година, Штаермеркише Шпаркасе постигна најдобар резултат во својата речиси 200 годишна историја. По исклучително добрите финансиски години 2016 и 2017, имавме добивка која исто така, беше значително над планот и во 2018 година. Сите деловни сегменти на домашниот пазар дадоа натпросечни резултати. Резултатите на нашите банки во регионот на Западен Балкан, исто така, беа значително над планираните. Извонредните резултати од минатите години и добриот капитал на банката се основа за понатамошна експанзија. Со зголемување на нашите заложби во Северна Македонија преку склучување на документот за намера за купопродажба и стекнување со најмалку 74,53% во Охридска Банка Сосиете Женерал (ОБСЖ) во Скопје, веќе се направени првите чекори во насока на понатамошна експанзија на позицијата на пазарот во земјите на Западен Балкан“, истакна Герхард Фабиш, Главен извршен директор на Штаермеркише Шпаркасе.

Повеќе детали за Годишниот резултат со состојба 31 декември 2018 година погледнете во целосното Соопштение за јавност и презентацијата за компанијата.