• 2020 20 Јули
    Известувања Промена на работно време со важност од 20 јули 2020г.

Почитувани клиенти,

Ве информираме дека од денес, 20 јули 2020 година, експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија ќе работат со редовно работно време, од понеделник до петок од 08:00 - 16:00 часот.

Во сабота експозитурите нема да работат, освен Експозитура – Централа од 09:00 до 12:00 часот.

При секоја посета на експозитурите задолжително проверете го нејзиното работно време на веб страницата на Банката www.sparkasse.mk

Заради Ваша поголема заштита од КОВИД-19 и намалување на посетите во експозитурите, Ви препорачуваме да ги користите електронските услуги за вршење на потребните банкарски операции, односно апликацијата за електронско банкарство NetBanking и мобилната апликација S-Banking, како и широката мрежа на банкомати низ државата. Потребните информации за нашите понуди и услуги се достапни преку веб-страницата на Банката, социјалните мрежи и Контакт центарот на телефонскиот број 02/3200-600 (секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот).

При посета во експозитурата задолжително почитувајте ги мерките за носење лична заштитна опрема: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично како и држење минимално растојание од 2 метри и дезинфицирање на рацете.

Останете дома, грижете се за себе и за здравјето на Вашите најблиски.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија