facebook
you-tube
Барај
Електронско банкарство

Со електронското банкарство на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, клиентот има комплетен и постојан контакт без оглед на тоа каде се наоѓа. Банката овозможува лесно плаќање на налозите на клиентите и целосен увид во состојбата на нивната сметка 24 часа на ден, седум дена во неделата.

Електронското банкарство netBanking е систем на плаќање кој овозможува брзо и безбедно вршење на електронско (безготовинско) плаќање, без притоа клиентот да доаѓа на шалтерите во Банката.


Предности на Електронското банкарство
:

  • Заштеда на време;
  • Заштеда на ресурси;
  • Детален увид во сметките од кое било место во светот каде што имаат пристап до Интернет;
  • Плаќања од дома или од работно место;
  • Пониска провизија на реализираните налози;
  • Увид во сите продукти и услуги на Банката;
  • Навремено информирање за сите нови продукти и услуги.

Корисници 

Сите правни лица кои имаат отворено денарскa и/или девизнa сметки во Шпаркасе Банка Македонија. Управителот на правното лице може да овластува други лица за работа со сервисот за електронско банкарство.

Дигитални сертификати за електронско потпишување на налозите можат да добијат само овластените потписници на денарската сметка.

За користење на сервисот за плаќање преку електронското банкарство на Шпаркасе Банка Македонија, секое лице кое е потписник на сметката на клиентот добива УСБ- токен со дигитален сертификат. Дигиталниот сертификат е замена за рачниот потпис и секое плаќање кое се реализира (безготовински) треба да биде потпишано со еден или два дигитални сертификати, во зависност од начинот на потпишување (поединечно или колективно).

Можности:

  • Преглед на состојба на денарска трансакциска сметка;
  • Преглед на состојба на девизна трансакциска сметка;
  • Преглед на состојба на бизнис платежни картички;
  • Преземање на изводи од денарска сметка, девизна сметка и бизнис картичка;
  • Добивање на извод за денарска трансакциска сметка и бизнис кредитна картичка по е-маил во PDF формат;
  • Плаќање на налози со образец ПП30 и ПП50;Реализација на плата со налог ПП53;
  • Можност за плаќање со поединечен и колективен потпис;
  • Плаќање на рата од кредит и бизнис кредитна картичка со соодветен образец;
  • Можност за експортирање на сите извештајни форми во соодветен формат;
  • Можност за експортирање на налози во соодветен формат;
  • Можност за импортирање на налози генерирани од надворешни сметководствени апликации во соодветен формат;
  • Плаќање на месечни режиски трошоци;
  • Плаќање кон сите физички и правни лица, учесници во платниот промет во земјата;
  • Пренос на средства меѓу сопствени сметки.

 Тарифи за електронско банкарство за правни лица;

 Термински план;

 Општи услови за електронско банкарство;

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје