facebook
you-tube
Барај
Електронско банкарство

Електронското Банкарство на Шпаркасе Банка Ви овозможува да вршите финансиски трансакции и да имате преглед за состојбата на сите Ваши сметки. Оваа услуга Ви овозможува во секое време и од било кое место, независно од работното време на Банката да управувате со Вашите трансакции – 24 часа на ден, 7 дена во неделата со пониски трошоци од редовните. Користејќи ги услугите на Електронско Банкарство може да бидете сигурни дека имате највисоко ниво на безбедност за заштита на Вашите сметки и лични податоци.

Аплицирајте онлајн за електронско банкарство.

Корисници на Електронско Банкарство можат да бидат сите физички лица кои ги исполнуваат следниве услови:

  • Да имаат отворено сметка во Шпаркасе Банкa;
  • Да достават пополнет формулар за Електронско Банкарство;
  • Да добијат корисничко име, активациски код и дигитален сертификат на токен;
  • Да имаат персонален компјутер со пристап на интернет.

 

 Тарифи за електронско и мобилно банкарство за физички лица;

 Термински план;

 Општи услови за електронско банкарство;

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје