facebook
you-tube
Барај
Иновативни банкомати

Користејќи ги иновативните банкомати на Шпаркасе Банка искористете ја можностa да ги избегнете редиците за чекање во експозитурите. Бидете секогаш први на ред и уживајте користејќи ги следниве функции БЕЗ НАДОМЕСТ:

 

  • Депонирање на готовина на нашите банкомати, во било кое време од денот без разлика на работното време на Банката, како и уплата на вашата кредитна картичка!
  • Уплата на готовина на Вашата дебитна картичка (Maestro, MasterCard Debit и Visa Electron)
  • Уплата на готовина и/или минимален долг на Вашата кредитна картичка (MasterCard Standard, MasterCard Gold, Visa Classic и Visa Gold)
  • Уплата на готовина на Вашата бизнис дебитна картичка (Visa Business)

Средствата во истиот момент се префрлуваат на сметката која Ви е поврзана со платежната картичка која ја користите при депонирање на готовина. Платежната картичка задолжително треба да биде издадена од Шпаркасе банка, а воедно да биде активна и без блокади.

  • Менувачница (можност за конвертирање од евра во денари) со платежна картичка од било која банка.
  • Промена на кориснички PIN код

 

Локации на кои можете да ги користите иновативните банкомати на Шпаркасе Банка Македонија:

  • Експозитура Централа на ул. Македонија 9-11, Скопје
  • Експозитура Центар на ул. Никола Вапцаров бр.18, Скопје
  • Експозитура Јане Сандански на бул. Јане Сандански бр. 113 б, Скопје
  • КАМ Маркет Козле на ул. Козле бб, Скопје
  • ТЦ Скопје Сити Мол на ул. Љубљанска бр.4, Скопје
  • ТЦ Рамстор Тетово на ул. Маршал Тиро бр.1, Тетово
  • Експозитура Прилеп на ул.Илинденска бр.1 влез 2, Прилеп

За сите подетални информации посетете ја некоја од експозитурите на Шпаркасе Банка. 

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје