facebook
you-tube
Барај
Кои сме ние

Шпаркасе Банка Македонија од 16.09.2008 год. е дел од најсилната Групација во Југоисточна Европа, Групацијата на Штаермеркише Шпаркасе и Ерсте. Во 2010 год., Шпаркасе Банка ја направи промената на името и официјално се ребрендираше. Денес, традицијата, сигурноста и довербата се дел од Шпаркасе Банка Македонија. Тие даваат право да се биде сигурен во иднината во остварување на ефикасно и современо банкарство. Банката денес може да се пофали со својата мрежа од 26 експозитури, 303 вработени и 127.000 клиенти.

Штаермеркише Шпаркасе опстојува скоро два века, не само во Австрија туку и пошироко во Југоисточна Европа. Оваа банка која е основана во Грац во далечната 1825 година, низ годините успеа да ги сплоти своите традиционални вредности и модерното банкарско работење. Денес таа е најголемата штедилница во Виена и најголема банка во Јужна Австрија.

Визијата на Банката е максимизирање на вредностите на нашите главни целни групи, преку овозможување на квалитетни услуги и структурирање на понудата со продукти кои ќе произлегуваат и ќе одговараат на нивните потреби. Се водиме по четири принципи кои ја носат Банката:

  • Пристапност

Нудење на финансиски услуги без дискриминација. Континуирано подобрување на постоечките и развој на нови услуги. Преземање на конкретни чекори кои вклучуваат креирање на начини за подобрување на контролата на квалитетот на нашите услуги. Целта на Шпаркасе Банка е да има советодавна улога во управувањето на финансии, на секој клиент.

  • Едноставност

Ги продаваме само оние производи кои ние и нашите клиенти ги разбираме. Ги разбираме потребите на нашите клиенти и на едноставен начин тежнееме кон целина: ние работиме во интерес на нашите клиенти.

  • Самостојност

Создавањето на богатство навистина е приоритет во банкарското работење. На клиентите треба да им се даде можност и да им се помогне во донесување на одлуки во своите бизнис решенија. Дополнително, ќе ја подобриме нивната самостојност ако ги едуцираме и ги поттикнеме што подобро да ја разбираат финансиската писменост.

  • Напредок

Напредокот е принцип во нашиот модел на банкарско работење и останува модел за создавање на богатство – посебно во денешно време. Постојат граници во создавање на напредок. Но, надвор од гразниците, секогаш постојат и нови можности. Не постојат универзални решенија – секој клиент има право на понуда креирана само за него. Со тоа му посветуваме внимание, време и привилегираност. Идеите и комбинациите на идеи се неограничени , со тоа напредокот не мора да значи „повеќе“, тој исто така може да значи „подобро“.

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје