facebook
you-tube
Барај
КОО проекти

01 НОЕМВРИ 2017

ПОВИК ЗА „BEST OF SOUTH EAST" 2018/2019

Прошири ги видиците, помести ги границите! Биди најдобар/најдобра на Југоистокот!

Ако сакаш...

  • да го надградиш знаењето кое си го стекнал/а на додипломските, постдипломските, односно докторските студии по право или економија;
  • да стекнеш искуство во меѓународното студирање на еден од најстарите австриски универзитети;
  • да ги комбинираш студиите со практика или обука во една од најмодерните банкарски институции во покраината Штаерска;
  • да се развиваш и учиш во меѓукултурно опкружување, во еден од најголемите студентски центри во Австрија, за време на едногодишниот престој.

Ако притоа не сакаш да се заморуваш со организација, логистика и трошоци, пријави се на програмата што вклучува:

  • обезбедено сместување во еден од студентските домови во Грац (еднокреветна соба);
  • месечен џепарлак во износ од 420 €;
  • покриен трошок за школарина на Универзитетот во Грац;
  • регистрација на Универзитетот во Грац;
  • интензивен курс по германски јазик во универзитетскиот јазичен центар „Treffpunkt Sprachen“;
  • разни социјални и културни случувања во текот на цела година. 

Што е потребно?

  • добро познавање на германскиот јазик (за кандидати на обука B1 ниво на познавање на јазикот, а за кандидатите за пракса А2 ниво на познавање на јазикот);
  • одлично познавање на англискиот јазик;
  • одлични оценки во досегашното студирање;
  • максимум 27 годишна возраст на денот на аплицирање;
  • посветеност, силни комуникациски вештини, флексибилност, аналитички вештини и практично економско размислување;
  • Доколку се препознавате во горенаведеното аплицирајте најдоцна до 7-ми декември 2017 година.

Повеќе за програмата и процесот за пријавување дознај на: http://bit.ly/bestofsoutheast  или http://bit.ly/2hOmmXI

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје