facebook
you-tube
Барај
Корисни совети

Совети за користење на платежните картички во странство Користењето на платежните картички како средство за плаќање станува се поголема пракса. Сакајќи на нашите коминтенти да им овозможиме чувство на сигурност, издвоивме неколку совети кои ќе помогнат во нивното секојдневното користење.

Кога ќе ја добиете картичката

  • Веднаш потпишете ја картичката на нејзината задна страна.
  • Запомнете го PIN кодот - никогаш не го запишувајте.
  • Не го откривајте PIN кодот никому.

Дома

  • Чувајте ги потврдите од трансакциите на продажни места и од подигната готовина на банкомати истите споредете ги со податоците од месечниот извештај за картичката.
  • Доколку забележите трансакција во месечниот извештај која е погрешна или на која не можете да се сетите, веднаш контактирајте ја Дирекцијата за канали на дистрибуција на телефонските броеви 02/3200-717, 02/3200-742 или на е-маил адресата cards@sparkasse.mk.

На банкомат

  • Осигурајте се дека никој не стои премногу блиску до Вас додека сте пред банкоматот.
  • Внимателно следете ги барањата наведени на екранот од банкоматот.
  • Покријте ја Вашата рака додека го внесувате PIN кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.
  • На крајот од трансакцијата не заборавајте да ја земете Вашата картичка.

На продажни места

  • Проверете ги износите на трансакциите за да се осигурате дека е точен износот кој го одобрувате со внесувањето на PIN кодот и Вашиот потпис.
  • Осигурајте се дека продавачот Ви ја вратил картичката и Вашата копија од потврдата за трансакцијата.
  • Покријте ја Вашата рака додека го внесувате PIN кодот за да се осигурате дека никој не ги гледа бројките што ги внесувате.

Во странство

  • Пред да појдете на пат, проверете го датумот на истекување на картичката и осигурајте се дека имате доволно расположливи средства на сметката.
  • Забележете ги телефонските броеви на Дирекцијата за канали на дистрибуција 02/3200-717, 02/3200-742 и телефонскиот број на Центарот за грижа на корисници кој работи 24/7, 02/3293-888
  • Чувајте ја картичката одвоено од готовината - во случај на губење да не ги изгубите и двете.
  • Направете фотокопии од картичката и од пасошот и чувајте ги копиите на безбедно место.
  • Следете ги сите совети за безбедност при купување со картичка на продажно место и подигнување готовина од банкомат.

При купување на Интернет

  • Купувајте само од интернет сајтови на проверени компании во кои имате доверба.
  • Никогаш не го внесувајте PIN кодот - тој никогаш не е потребен за вршење на нарачка.
  • При вршење на нарачка преку Интернет најчесто продавачот ги бара следните податоци: име и презиме, адреса, број на картичката, код за валидација или 3 digit value (се наоѓа на задниот дел од картичката) и рокот на важност на картичката.
  • Осигурајте се дека интернет страницата на која ги внесувате податоците од Вашата картичка е безбедна - побарајте сликичка од клуч или заклучено катанче на долниот десен дел од екранот и проверете дали интернет адресата започнува со https:// наместо со http://.
  • Водете евиденција на интернет сајтовите од кои купувате. Многу интернет продавници доставуваат e-mail до купувачот со сите податоци од нарачката - испечатете примерок од неа.
  • Никогаш не испраќајте податоци за Вашата картичка доколку не сте ја иницирале Вие нарачката.
  • Проверете ги условите за продажба и откажување на нарачката, бидејќи при меѓународни плаќања е можно да бидете изложени на дополнителни царински и други трошоци.
  • Доколку ја откажувате нарачката по плаќањето, задолжително побарајте број со кој се потврдува откажувањето на нарачката, како би избегнале плаќање за веќе откажана нарачка.
  • Побарајте телефонски број и e-mail за контакт со продавачот и запишете ги.

Доколку ја загубите картичката или се сомневате на можна злоупотреба

  • Веднаш пријавете на телефонскиот број за грижа на корисници 02/3293- 888 кој е достапен 24/7.
  • Информирајте ја Дирекцијата за канали на дистрибуција на телефонските броеви 02/3200-717, 02/3200-742 или на е-маил адресата cards@sparkasse.mk и побарајте совет.
  • Доколку се сомневате на злоупотреба може да побарате привремена блокада на картичката или реизработка на нова картичка.
a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје