facebook
you-tube
MasterCard Debit

Аплицирајте за новата MasterCard Debit бесконтактна картичка од Шпаркасе Банка Македонија за брзи и безбедни трансакции и подигнувајте готовина без провизија во 10 земји од регионот.

MasterCard Debit бесконтактна картичка е поврзана со Вашата трансакциска сметка во Шпаркасе Банка Македонија и Ви овозможува брз и едноставен пристап до Вашите средства во секој момент. Единствено дебитните картички за физички лица издадени од Шпаркасе Банка Македонија овозможуват подигнување на готовина БЕЗ ПРОВИЗИЈА на банкоматите на Банките членки на Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата во десет земји и тоа:

  • Ceska Sporitelna Чешка
  • Slovenska Sporitelna Словачка
  • Erste Bank Hungary incl. Postabank Унгарија
  • Erste Bank Serbia Србија
  • Erste Bank AD Podgorica Црна Гора
  • Sparkasse Bank dd Босна и Херцеговина
  • Banca Comerciala Romana Романија
  • Banca Comerciala Romana Chisinau Молдавија
  • Erste & Steiermärkische Bank dd Хрватска
  • Erste Bank and Sparkassen Австрија

Бесконтактната картичка поседува технички карактеристики како и постоечките картички (магнетна лента и чип) и има дополнителен конектор во вид на вградена антена преку која се остварува контактот со ПОС терминалот. Технологијата која ја користат бесконтактните картички е со највисоко ниво на безбедност. Податоците кои се разменуваат при вршењето на трансакцијата се енкриптирани, а картичката останува во рацете на клиентот притоа намалувајќи го ризикот од губење, измама или фалсификување. Бесконтактниот начин на плаќање е глобално прифатен кај секаков тип на трговци, односно секаде каде  го има универзалниот симбол за бесконтактни плаќања. 

При извршување на бесконтактна трансакција картичката само се доближува до ПОС терминалот и на тој начин се извршува трансакцијата, без нејзино инсертирање или провлекување. Доколку ПОС терминалот нема можност за бесконтактно плаќање, тогаш трансакцијата се извршува на регуларниот начин со инсертирање или провлекување во ПОС терминалот. При бесконтактно плаќање доколку износот на поединечна трансакција е ДО 750 ДЕНАРИ трансакцијата се извршува без внесување на ПИН код или потпишување. За износи НАД 750 ДЕНАРИ клиентот е потребно да го внесе својот ПИН код на ПОС терминалот т.е. да го потпише слипот.

Доколку корисник на MasterCard Debit картичката направи бесконтактна трансакција на ПОС терминал надвор од Македонија тогаш износот до кој трансакцијата се спроведува без ПИН е различен за секоја земја, истиот е дефиниран од страна на MasterCard на ниво на земја.

Предности на бесконтактната картичка

  • Брзина во извршување на трансакциите
  • Без внесување на ПИН код за износи до 750 денари
  • Сигурно плаќање – картичката останува во Ваши раце
  • Без провизија за подигнување на банкоматите на 10 земји во Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата

Доколку сакате Вашата дебитна картичка која нема функционалност за бесконтактно плаќање да ја замените со новата MasterCard Debit бесконтактна картичка Ве замолуваме да дојдете во експозитурите на Банката каде БЕЗ НАДОМЕСТ ќе Ви издадеме нова картичка.

 Барање за дебитна картичка

 Општи услови за дебитни картички

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје