Информација за начин на поднесување на поплака
Доколку сметате дека во деловниот однос со Банката е повредено некое ваше право, слободно доставете ни поплака.
КАКО ДА НИ ПРАТИТЕ ПОПЛАКА?
Поплака можете да ни доставите преку некој од следните канали на комуникација со Банката:
Експозитура
Писмената поплака доставете ја во некоја од експозитурите на Банката во соодветно поставените кутии за поплаки.
Писмено
По пошта на следната адреса:
Шпаркасе Банка АД Скопје
Одговорно лице за поплаки
ул. Васил Иљоски 14
1000 Скопје
КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЦЕСОТ НА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОПЛАКА
1. Наведете ги вашите лични податоци: име и презиме и податоци за контакт.
2. Опишете го проблемот во целост за негово побрзо и поефикасно решавање.
3. Доколку поплаката ја поднесете електронски (преку е-маил или онлајн-образец), ќе добиете автоматска порака дека поплаката е испратена.
4. По поднесувањето на поплаката очекувајте одговор во најкус можен рок, не подолго од 15 работни дена.
5. По разгледувањето на вашиот случај ќе ве информираме за одговорот.
Вашето мислење ни е од драгоцено значење бидејќи задоволството на клиентите е една од клучните цели на Шпаркасе Банка.
Шпаркасе Банка континуирано прави напори да им обезбеди врвна и квалитетна услуга на клиентите и унапредување на корисничкото искуство.