facebook
you-tube
Барај
Мобилно банкарство

Мобилното банкарство на Шпаркасе Банка Македонија е апликација наменета за паметен телефон и/или таблет која можете да ја инсталирате од било кое место со пристап до интернет со што на лесен и едноставен начин ќе имате 24 часовен пристап до сите производи и услуги наменети за физички лица од Шпаркасе Банка Македонија.

Можности

  • Увид во состојбата на сите денарски и девизни сметки, кредитни картички, депозити и штедни влогови, кредити и останати производи во Банката
  • Едноставен начин на плаќање режиски трошоци, интерни трансакции и трансфер на средства кон сите физички и правни лица   
  • Можност за менувачница (конверзија на средства од една во друга валута)
  • “Сликај и плати”, можност за плаќање со сликање на податоци од ф-ри за режиски трошоци
  • Креирање на сопствени примероци за плаќања кои најчесто ги реализирате
  • Лоцирање на најблиските банкомати и експозитури
  • Курсна листа и калкулатор за кредити и депозити

Предности

  • Пониски трошоци за плаќање налози преку мобилно банкарство во однос на хартиени налози
  • Плаќање од мобилен телефон и/или таблет од дома, канцеларија или во движење
  • Заштеда на време, финансиски средства и избегнување на метеж
  • Користење на услугите 24 часа на ден независно од работното време на експозитурите
  • Брзо и едноставно лично управување со средствата во било кое време и од било кое место
  • Можност за преземање на апликацијата и користење од повеќе уреди одеднаш

Користење на апликацијата за мобилно банкарство S-Banking

Апликацијата за мобилно банкарство се презема од App Store (поддржани верзии iOS 7 или понова) и Google Play (поддржани верзии Android 4.0.3 или понова). Преземањето на апликацијата од продавниците за мобилни апликации е бесплатно, потребна ви е единствено стабилна конекција на интернет.

Апликацијата за мобилно банкарство можете да ја користите и доколку не сте регистрирани како корисник на мобилно банкарство во Шпаркасе Банка Македонија, но во тој случај ќе имате пристап единствено до јавно достапните информации за производите и услугите на Банката, геолокациските можности за лоцирање на банкомат или експозитура на Банката, кредитен калкулатор, депозитен калкулатор и курсна листа.

За да ги користите сите останати функционалности на апликацијата за мобилно банкарство (увид во сите сметки и продукти во Банката, реализација на плаќања, купопродажба на девизи, сликај и плати итн.) потребно е да појдете во било која од експозитурите на Банката и да пополните Барање со цел да го регистрирате вашиот мобилен телефон или таблет и да ги користите сите поволности на апликацијата.

Трошоци и надоместоци

МОБИЛНО БАНКАРСТВО ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА МКД
Еднократен надоместок за активирање мобилно банкарство 400
Месечен надоместок за користење на услугата мобилно банкарство 60
ТАРИФИ ЗА РЕАЛИЗИРАЊЕ НА НАЛОЗИ ПРЕКУ МОБИЛНО БАНКАРСТВО
Безготовински плаќања преку Интерен клиринг 7
Безготовински плаќања преку КИБС 15
Безготовински плаќања преку МИПС 100
Безготовински плаќања за кредит, кредитна картичка и режиски трошоци 0

Преземање на апликацијата

Апликацијата може да се инсталира на мобилни телефони кои користат (Android и iOS) оперативен систем. Апликацијата не е компатибилна за Windows Phone оперативен систем и Blackberry телефоните. S-Banking апликацијата е јавно објавена и можете да ја преземете преку:

    

 Тарифи за електронско и мобилно банкарство за физички лица;

 Термински план;

 Општи услови за електронско банкарство;

 Пристапница;

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје