facebook
you-tube
Барај
Ненаменски потрошувачки кредити - SuperS

Намена: Ненаменски потрошувачки кредит.

БЕЗ ПРОВИЗИЈА за одобрување на кредитот до 30.09.2017 година.   

Максимален износ: До 1.200.000,00 МКД.

Максимален рок на отплата: до десет години.

Каматна стапка

  • Фиксна каматна стапка за првата година почнувајќи од 5,5%
  • Променлива каматна стапка, по истекот на фиксниот период почнувајќи од 8,10%

Обезбедување

Висина на кредит Обезбедување
До 300.000,00 МКД

Без жиранти

Од 300.001,00 МКД – 610.000,00 МКД

1 кредитоспособен жирант или солемнизација на Договорот за кредит на Нотар

Над 610.000 МКД

Кредитоспособен жирант или меница уредена во форма на нотарски акт. 

 

Дополнително задолжително обезбедување е полиса за животно осигурување на кредитокорисникот купена преку Банката и винкулирана во корист на Банката за време на отплата на потрошувачкиот кредит.

*За солемнизација на Договорот на Нотар потребно е брачниот другар или близок роднина (брат, сестра, родител) да се јави како солидарен должник во Договорот за кредит.

Административен трошок за аплицирање за кредит: еднократно 400,00 МКД.

Напомена: За лица кои не ја примаат платата преку Шпаркасе Банка, а сакаат да аплицираат за овој производ мора да достават изјава дека платата ќе ја префрлат преку Банката во рок од 45 дена од датумот на склучување на Договорот за кредит.

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје