facebook
you-tube
Барај
Пакет за пензионери

Пакет за пензионери наменет за сите приматели на пензија на трансакциска сметка во Шпаркасе Банка Македонија


Уживајте во Вашите пензионерски денови! Сега е време да се посветите на Вашите желби и на желбите на Вашите најблиски.

Аплицирајте за Шпаркасе пакетот за пензионери и остварете ги Вашите долго замислувани планови!

Со аплицирање за пакетот за пензионери, добивате:

  • Бесплатно користење на услугата Пензија на 1-ви која Ви овозможува примање на пензијата секој први во месецот. Како клиент на нашата Банка ги добивате средствата порано од другите пензионери.
  • Потрошувачки кредит со фиксна стапка од 7% во првата година, максимален износ до 300.000 МКД и вклучена Полиса за животно осигурување. Каматата после фиксниот период е променлива и изнесува почнувајќи од 8,00%. За износи до 120.000 МКД не е потребно обезбедување додека за износи над потребен е еден кредитоспособен жирант. БЕЗ ПРОВИЗИЈА за одобрување на кредитот и административен трошок од само 400 МКД.
  • БЕСПЛАТЕН траен налог за подмирување на обврските кон Банката од потрошувачкиот кредит
  • Трансакциска сметка и дебитна картичка на Шпаркасе Банка Македонија
  • Дозволено пречекорување во Шпаркасе Банка Македонија со ПРОМОТИВНА каматна стапка од 6% во првите 12 месеци
  • Без надомест за користење на Електронско банкарство

Дополнително, добивате ексклузивни предности:

  • Во случај на осигуран настан, осигурителното друштво ги презема обврските на кредитокорисникот;
  • Едноставен начин на плаќање на премијата за животното осигурување;
  • Во случај на предвремено затворање на кредитот, осигурителната полиса се предава на клиентот бидејќи е сè уште валидна;

Аплицирајте за пакетот за пензионери и поминете ги Вашите пензионерски денови уживајќи во работите што Ви значат Вам и на Вашите најблиски.

За повеќе информации, посетете ја најблиската експозитура на Шпаркасе Банка Македонија каде што нашите вработени детално ќе Ве запознаат со предностите на оваа понуда.

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје