facebook
you-tube
Барај
Платежни картички

Некои нешта совршено си одговараат! Исто како Вие и Вашата Шпаркасе платежна картичка.

Меѓународно прифатените платежни картички на Шпаркасе Банка овозможуваат едноставно и сигурно безготовинско плаќање и подигнување готовина од банкомати во земјата и странство. Изберете ја својата Шпаркасе платежна картичка од брендовите MasterCard и Visa и вршeте ги своите плаќања безгрижно и сигурно во било кое време и место. Дебитната картичка е поврзана со Вашата трансакциска сметка во Шпаркасе Банка и Ви овозможува брз и едноставен пристап до Вашите средства во секој момент. Единствено дебитните картички за физички лица издадени од Шпаркасе Банка овозможуват подигнување готовина БЕЗ ПРОВИЗИЈА на банкоматите на Банките членки на Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата во десет земји и тоа:

  • Ceska Sporitelna (Чешка),
  • Slovenska Sporitelna (Словачка),
  • Erste Bank Hungary incl. Postabank (Унгарија),
  • Erste Bank Serbia (Србија),
  • Erste Bank AD Podgorica (Црна Гора),
  • Sparkasse Bank dd (Босна и Херцеговина),
  • Banca Comerciala Romana (Романија)
  • Banca Comerciala Romana Chisinau (Молдавија),
  • Erste & Steiermärkische Bank dd (Хрватска) 
  • Erste Bank and Sparkassen (Австрија)

Аплицирајте за дозволено пречекорување на Вашата трансакциска сметка и користете ја својата дебитна картичка за плаќања со лимит дури до четири плати. Каматната стапка за дозволено пречекорување изнесува 10,50% годишно.

Кредитните картички на Шпаркасе Банка се прилагодени на Вашите потреби и Ви нудат можност да располагате со лимит дури и до четири плати. ПРОМОТИВНО: сите нови корисници кои ќе аплицираат за кредитна картичка добиваат фиксна каматна стапка од 6% за првите 12 месеци (стапка од 10,5% за останатиот период).

Станете корисник на платежна картичка која е дизајнирана за Вашите потреби! Сè што треба да направите е да ги посетите експозитурите на Шпаркасе Банка и да аплицирате за Вашата Шпаркасе картичка.

Банката нуди можност за издавање на платежни картички за физички лица и платежни картички за правното лице.

Во доменот на картичното работење Банката нуди комплетно решение кое ќе ги задоволи вашите потреби.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје Ви ги нуди следните дебитни и кредитни картички за физички лица од брендовите MasterCard i Visa:

  • Maestro
  • MasterCard Debit
  • MasterCard Standard
  • MasterCard Gold
  • Visa Electron
  • Visa Classic
  • Visa Gold

Грижа за корисници - платежни картички (24/7)

Тел: + 389 2 3293 888

 

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје