facebook
you-tube
Барај
Практична настава

РЕДОВНА ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО ШПАРКАСЕ БАНКА ЗА СТУДЕНТИ

Драги студенти, 

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје Ве поканува да ја реализирате Вашата практична настава во нашите организациони делови:

  •  Микро кредитирање
  • Картично работење
  • Кредитна и депозитна администрација
  • Домашен и девизен платен промет
  • Експозитури

Потребни услови за аплицирање:

  • Редовни студенти запишани на додипломски или постдипломски студии.
  • Познавање на работа со компјутери (Microsoft Office)

Практичната настава ќе биде со времетраење од 8 часа дневно во период од минимум еден и максимум три месеци.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме да ја испратите Вашата кратка биографија на hr@sparkasse.mk

Службата за Човечки ресурси Ви стои на располагање за сите дополнителни прашања.



a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје