facebook
you-tube
Сефови

Зошто да изнајмам сеф и што може да се смести во него?

Затоа што сефот е најдобро и најсигурно решение за сместување на предмети кои се вредни или незаменливи.

Затоа што вашиот дом, канцеларија се подложни на поплави, пожар, грабеж, а со тоа и Вашите вредни предмети.

Затоа што во сефот можат да се чуваат:

  • Лични документи (извод од матична книга на родени, државјанство, дипломи, уверенија, документи за сопственост);
  • Вредносни документи (договори, хартии од вредност, штедни книшки);
  • Вредни предмети (накит, скапоцени камења, медали, ретки поштенски маркици, други видови на колекторски материјали, сувенири);
  • Предмети од посебно значење во вашиот живот (незаменливи негативи, фотографии, слики и видеа кои се дел од вашиот домашен инвентар, а не можете да дозволите да бидат украдени или оштетени).

Надоместоците за изнајмување на сефови при првото аплицирање ќе бидат за 50% пониски од цената за секое наредно изнајмување, односно продолжување на Договорот за сефови.

Изберете еден или повеќе од следниве кориснички модели:

Во сефот не може да се сместат: експлозивни, запаливи, загадувачки, забранети материи, киселини, материи со лоша миризба или пак материи кои по мислење на Банката можат да нанесат штета на издадениот сеф или воопшто на просторијата каде се наоѓаат сефовите.

За работа со вашиот сеф можете и да овластите некого од најблиските. Клучот е во ваши раце и можете веднаш да го користите сефот секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје на ул. Македонија 9-11. Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје ја гарантира тајноста на вашиот сеф.

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје