facebook
you-tube
Барај
СМС известување

Шпаркасе Банка Македонија на своите клиенти – физички лица им овозможи користење на услугата СМС известувања.

Услугата СМС известувања претставува известување за промените на трансакциската сметка на клиентите и трансакциите реализирани со платежни картички, преку СМС порака која се испраќа на мобилниот телефонски број на корисникот на услугата наведен во барањето.

Корисници на услугата SMS известувања може да бидат сите физички лица кои:

  • имаат отворено трансакциска сметка во Шпаркасе Банка Македонија;
  • се корисници на дебитна, кредитна или бизнис картичка од Шпаркасе Банка Македонија;
  • имаат мобилен телефонски број од мобилен оператор на територијата на Република Македонија.

Предности 

  • известувања поврзани со платежна картичка на корисникот за реализирани трансакции на било кое место во светот;
  • проверка на износот на реализираната трансакција;
  • известувања за прилив на Вашата трансакциска сметка;
  • заштита од повеќекратно реализирање на иста трансакција;
  • навремено информирање и спречување на злоупотреба на картичката;
  • информација за истек на важноста на платежната картичка;
  • дополнителна безбедност при вршење трансакции;
  • промотивни известувања.

Можности

  • СМС известување за прилив на трансакциска сметка
  • СМС известување за трансакции со платежни картички
  • СМС известување за важност на картичка
  • Промотивни СМС известувања

Потребни документи

Со цел овозможување на услугата SMS известување потребни се следните документи:

Барањето за користење на услугата можете да го доставите во било која експозитура на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

 

Надоместоци

Месечна провизија за сите типови на СМС известувања за физичко лице (СМС известување за прилив на трансакциска сметка, СМС известување за трансакции со платежни картички, СМС известување за важност на картичка, промотивни СМС известувања): 50,00 МКД месечен надоместок

Месечна провизија за трансакции со бизнис картички (СМС известување за трансакции со бизнис платежни картички): 150,00 МКД месечен надоместок

Укинување на услугата СМС известувања: 100,00 МКД еднократно

Провизијата се пресметува на крајот на месецот за тековниот месец и се наплатува од трансакциската сметка на корисникот на услугата – физичко лица или од трансакциската сметка на правното лице, поврзана со бизнис картичката.

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје