facebook
you-tube
Барај
Соопштенија за 2017

20 ЈАНУАРИ 2017

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ШПАРКАСТИЧНАТА НАГРАДНА ИГРА

Денес, во 12:00 ч. во салонот на Аутомакедонија во Автокоманда беа доделени наградите од Шпаркастичната наградна игра, која беше организирана од Шпаркасе Банка Македонија за корисниците на платежните картички MasterCard, во периодот од 1.11.2016 до 31.12.2016 година.

Официјалното извлекување се одржа на 13.1.2017 г., во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, под контрола за регуларност на тричлена комисија, составена од двајца претставници од Банката и овластен нотар.

Право на учество во наградната игра имаа сите постојни и нови корисници на платежните картички MasterCard издадени од Шпаркасе Банка, кои со секоја трансакција над 300,00 денари во периодот од 1.11.2016 до 31.12.2016 година стекнуваа шанса за учество, а со бесконтактната картичка MasterCard Contactless двојно учество. Одличните награди привлекоа големо внимание и им донесоа голема радост на среќните добитници:

  • ИГОР ИЛИЕСКИ од Прилеп - добитник на автомобилот Opel Astra

  •  ДОБРЕ МЛАДЕНОВ од Карбинци – добитник на скутер Piaggio Liberty

  • АСМИР ЈАХОСКИ од Кичево - добитник на мобилен телефон Apple iPhone 7
  • ВЕСНА МИХАЈЛОВА од Скопје - добитник на мобилен телефон Apple iPhone 7
  • МАРИЈА МИЛЕВСКА од Скопје - добитник на мобилен телефон Apple iPhone 7
  • ТРАЈЧЕ ТРАЈЧЕСКИ од Скопје - добитник на мобилен телефон Apple iPhone 7
  • МАЈА МАЛАХОВА од Скопје - добитник на мобилен телефон Apple iPhone 7

Им честитаме на среќните добитници и им посакуваме да уживаат во наградите заедно со своите семејства и да останат верни корисници на услугите на Шпаркасе Банка Македонија!

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје