facebook
you-tube
Барај
Соопштенија за 2017

28 СЕПТЕМВРИ 2017

ERSTE INVESTORS' BREAKFAST

Петта година по ред, во организација на Ерсте Банка и Шпаркасе Банка Македонија, во х. „Мериот“ се одржа конференцијата „Erste Investors' Breakfast“. Како и претходните години, на конференцијата присуствуваа аналитичари и експерти од Ерсте и Шпаркасе Групацијата, како и од македонскиот финансиски сектор, со свои анализи и предвидувања за позицијата и развојот на финансиските пазари во Југоисточна Европа и регионот.

На конференцијата присуствуваше и министерот за финансии г. Драган Тевдовски, кој заедно со  претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија, г. Глигор Бишев, имаа воведни излагања.  Вицегувернерот на Народна банка на РМ, г-ѓа Маја Кадиевска-Војновиќ, даде осврт на состојбите во монетарната политика на Р. Македонија, додека за актуелните состојби во регионот и позицијата на Македонија на макро ниво говореше г. Милан Дескар Шкрбиќ, макро аналитичар и претставник на Ерсте Штаермеркише Д.Д. Загреб. Во останатиот дел од конференцијата, експертите и аналитичарите од Ерсте Банка се задржаа на ситуацијата со каматните стапки во Еврозоната и методите за  „corporate hedging“, како и дискусии за движењето на каматните стапки, пазарот на капитал, понудата на инвестициските фондови и развојот на „corporate hedging“ од аспект на корпоративните клиенти.

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Зaедно со другите банки-ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот - Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која со својата билансна сума од 14 милијарди евра, 6.400 вработени и 500 експозитури и регионални центри опслужува околу 2,5 милиони клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа.

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје