facebook
you-tube
Барај
Соопштенија за 2017

25 ЈУЛИ 2017

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КЛИЕНТИ - РЕЛОКАЦИЈА НА ЕКСПОЗИТУРА ШТИП

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека од понеделник 14.08.2017 година (со почеток од 11:00 часот), услугите на Експозитурата во Штип ќе можете да ги користите на новата локација, ул. Ј.Ковачев бр. 15.

Експозитурата ќе биде во функција на постоечката локација (ул. Ванчо Прке бр.16) заклучно со петок 11.08.2017 година до 12.00 часот. Истата нема да работи во сабота на 12.08.2017 година. Изменетиот режим на работно време е прилагоден само за периодот на релоцирање на експозитурата на новата локација, по што експозитурата ќе продолжи да функционира со редовното работно време.

Во меѓувреме, Ви стојат на располагање алтернативните канали за извршување на секојдневните трансакции и услуги, како што се банкомат, мобилно и електронско банкарство.

Ви благодариме за разбирањето.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје