facebook
you-tube
Барај
Соопштенија за 2017

28 ФЕВРУАРИ 2017

НОВА АТРАКТИВНА ПОНУДА ЗА СТАНБЕН КРЕДИТ

Денес по повод Саемот на градежништво, Шпаркасе Банка Македонија ја објави новата атрактивна понуда за станбен кредит со поволни фиксни каматни стапки од 3,25% за првите три години и 4,40% за следните две.

За начините на полесно остварување на желбата за нов дом, сите заинтересирани купувачи ќе имаат можност да се информираат за понудата кај претставниците од Шпаркасе Банка Македонија, кои ќе бидат присутни на штандовите на градежните компании. За целото времетраење на Саемот на градежништво, заинтересираните купувачи ќе можат подетално да се информираат и да ги добијат информативните пресметки за понудата на станбениот кредит, кој промотивно Банката го нуди без трошоци за одобрување и без трошоци за процена на имотот во првата година. Производот е со максимален рок на отплата до 30 години.

Водени од нашата корпоративна стратегија, да бидеме банка на целото семејството и да бидеме нивна континуирана поддршка во сите фази од животот, а во пресрет на овогодишниот Саем на градежништво, креиравме нова атрактивна понуда со поволни фиксни каматни стапки, преку која им овозможуваме на потенцијалните купувачи на недвижности одлична понуда за реализација на плановите за нов дом. Современиот банкарски пристап при креирање финансиски понуди, согласно со потребите и очекувањата на клиентите, е она што секогаш нè води да создаваме вистински вредности, додека со нашето одговорно делување како финансиска институција, да им ги овозможуваме најдобрите услови на клиентите што сакаат да обезбедат нов дом за своето семејство“, изјави г-ѓа Викторија Јовановска, директор на секторот Управување со физички лица во Шпаркасе Банка Македонија.
 

Покрај понудата за станбениот кредит, потенцијалните купувачи ќе имаат можност да ги добијат сите потребни информации за наједноставно решавање на нивните финансиски потреби, како и за користење современи и иновативни услуги, кои ќе им овозможат полесна и побрза реализација на банкарските услуги. 

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти.  Зaедно со другите банки-ќерки во Австрија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и во Црна Гора, таа е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот - Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која со својата билансна сума од 14,4 билиони евра, 2.339 вработени и 239 експозитури опслужува околу 680.700 клиенти во овие земји од регионот на Југоисточна Европа.
a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје