facebook
you-tube
Барај
Соопштенија за 2017

24 ФЕВРУАРИ 2017

ОТВОРАЊЕ НА НАГРАДАТА ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Младите во Македонија на возраст од 14 до 30 години од 22 февруари, па се до 8 мај 2017 ќе имаат можност да аплицираат со своите идеи за социјален бизнис и да освојат парична награда, како и инкубација, менторство, вмрежување и учество на меѓународен настан од областа на социјалното претприемништво.

Ова го овозможува Наградата за социјално претприемништво (Social Impact Award), која по третпат се организира во Македонија. Оваа награда е веќе присутна во 20 земји од светот, а истата е поддржана од Фондацијата ЕРСТЕ и Импакт Хаб Виена.

Во Македонија, Наградата за социјално претприемништво ја спроведува Асоцијацијата за едукација Младиинфо Интернационал, во партнерство со Шпаркасе Банка Македонија, Пакомак, ЈСП Скопје, Маратон, Конто Профит и Фондот за иновации и технолошки развој, како институционален покровител.

„Младите ќе можат да аплицираат со своите идеи за социјален бизнис преку платформата на наградата - http://socialimpactaward.mk. На овој начин, младите добиваат можност да влезат во десетте финалисти, кои во текот на летото ќе работат со експерти/ ментори и ќе ја доразвијат својата идеја. Понатаму, во септември стручното жири ќе одбере три победници, кои ќе добијат по 2.000 евра од Шпаркасе Банка. Четвртата награда, наградата изгласана од он –лајн заедницата ќе добие дополнителна менторска поддршка. Сите четири тима на почетокот на ноември ќе одат на меѓународната средба на млади социјални претприемачи во Белград“, изјави Марија Матовска - Националната координаторка на програмата.

Свое обраќање на отворањето на Наградата за социјално претприемништво (Social Impact Award), кое се случуваше во Јавна Соба на 22.02.2017 во 12 часот, имаа и Елена Богданова, Директор на Сектор Управување со корпоративни клиенти  (Шпаркасе Банка Македонија), на тема „Бизнис секторот и неговата вклученост“, како и Јасмина Поповска, Директор на Фондот за иновации и технолошки развој, која зборуваше за „Социјални иновации“. На крајот следуваше панел дискусија со тројца минатогодишни победници на Наградата за социјално претприемништво.

Наградата за социјално претприемништво е натпревар и едукативна програма за поддршка на претприемачки идеи меѓу студентите, кои имаат потенцијал да се развијат и да се имплементираат како иновативни решенија за глобалните проблеми.



a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје