facebook
you-tube
Барај
Соопштенија за 2017

20 НОЕМВРИ 2017

ШПАРКАСЕ БАНКА ПОСТАВИ НОВ БАНКОМАТ ВО НАСЕЛБА ХРОМ

Со цел поголема достапност при вршењето на услуги поврзани со платежни картички, ги информираме клиентите дека Шпаркасе Банка Македонија постави нов банкомат во населба Хром, лоциран на ул. Кленоец бр. 48, лок. 1.

Покрај мрежата на банкомати, клиентите ги имаат на располагање и мрежата на експозитури ширум земјата, апликациите за електронското банкарство и мобилно банкарство „S-Banking”, која на клиентите им овозможува на лесен и едноставен начин да имаат 24 часовен пристап до сите производи и услуги наменети за физички лица од Шпаркасе Банка Македонија.

Повеќе информации за мрежата на експозитури и банкомати можете да погледнете на https://sparkasse.mk/bankomati.nspx.

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје