facebook
you-tube
Барај
Соопштенија за 2017

06 ОКТОМВРИ 2017

SOCIAL IMPACT AWARD 2017

Награди, социјални иновации и споделени визии за подобро општество

Намалување на загаденоста од текстилен отпад во Македонија преку ангажирање долгорочно невработени жени, намалување на вишокот храна што се фрла на депонија и нејзина намена онаму каде што е најпотребна, промоција на ракотворби изработени од лица со попреченост и маргинализирани групи, заштита на бездомните кучиња, но, и подигнување на свеста дека нив треба да ги посвојуваме, а не да купуваме.

 

Ова се визиите на „Food for everyone (Community)", „AvavHappy Dog Centre", „Sozdadi.mk" и „Coterie - The Art of upcycled clothes", овогодишни добитници на наградата „Social Impact Award" – чиј заеднички предзнак е создавање позитивен општествен импакт во своето опкружување. Добитниците на наградите беа соопштени вчера, на церемонија во рамки на Конференцијата за социјални иноватори, која се одржа во киното „Фросина" во Скопје на која гости беа и триесет претставници на Глобалната мрежа за социјално претприемаштво која што годинава прв пат одржа средба во Македонија.

 

„Social impact award" се доделува  трета година по ред, а од Шпаркасе Банка Македонија, покровители на настанот, силно веруваат дека овие идеи ќе направат видлива промена и ќе бидат значаен придонес кон подобро и поквалитетно општество.

 

-Како дел од Ерсте и Шпаркасе Групацијата даваме поддршка за реализација на проектите кои имаат социјална компонента, ги поддржуваме младите иноватори, идните претприемачи кои имаат визија за реализација на нивните проекти, како и придонесуваме за поголема вклученост и инклузија на социјално ранливите категории. Се надевам дека и во иднина ќе бидеме сведоци на одлични проекти, а ние како банка верувам дека и понатаму ќе ја даваме нашата поддршка - изјави г-ѓа Викторија Јовановска, директор на секторот за управување со физички лица во Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

 

Конференцијата беше местото каде младите имаа можност да слушнат инспиративни приказни за трендовите на социјалното претприемништво и социјалните иновации од девет говорници од регионот и од Европа.

 

Во рамки на настанот се одржа и панел дискусијата, поддржана од „Цивика мобилитас"  каде што се отворија прашањата - што е потребно за да се развие силен еко-систем за социјалното претприемништво, каква е улогата на граѓанскиот сектор во развојот на социјалната економија, која е улогата на купувачите и на традиционалните компании во развојот на социјалното претприемништво.

- Истражувавме добри и лоши практики, поминавме повеќегодишен период додека не направивме и прифативме конечен закон за социјално претприемништво. На крајот, финалниот производ не беше толку значаен, колку целиот процес кој претходеше. Ние кревавме свест за тоа зошто ние потребно социјалното претприемништво, како тоа ќе и помогне на нашата економија и зошто е потребно да го регулираме со закон - нагласи државниот секретар во Владата на Словенија, Тадеј Слапник, објаснувајќи дека влегол во политиката бидејќи имал лични верувања дека социјалното преприемништво може да го подобри бизнисот и да направи нешто поинакво, подобро.

Советникот во Министерството за труд и социјална политика, Душан Томшиќ пак, потенцираше дека сегашната влада не брза да донесе Закон за социјално претприемништво.

- Сакаме прво да ја видиме практиката, реалноста, еко-системот и да видиме што функционира, кои мерки се потребни. Затоа започнавме со пилот мерки како грантови за СП и субвенции за оргнизации, па ќе видиме понатаму како тоа ќе оди - рече тој.


Во рамки на вчерашниот настан беше промовиран и новиот, 27-ми број на „Лице в лице", посветен на тема: социјални иновации, а се одржа и Експо на социјални претпријатија од Македонија, на кое социјални претпријатија од земјава ги презентираа своите производи и услуги.

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје