facebook
you-tube
Барај
Соопштенија за 2016

30 ДЕКЕМВРИ 2016

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КЛИЕНТИ

Почитувани клиенти,

Согласно информацијата од Министерство за труд и социјална политика, согласно Законот за празници на РМ („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 1 јануари 2017 година (недела), Нова Година, односно 2 јануари 2017 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Види повеќе

29 ДЕКЕМВРИ 2016

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ

Празнично изненадување од Шпаркасе Банка! Исплата на пензиите на 30-ти декември.

Пред почетокот на новогодишните празници,  Шпаркасе Банка на своите клиенти - корисници на услугата „Пензија на 1-ви“, ќе им ја исплати декемвриската пензија на 30-ти декември.

„Пакетот за пензионери“ е креиран специјално според потребите на пензионерите, но негова главна предност е тоа што клиентите ја добиваат својата пензија – точно на 1-ви секој месец. Со ова прецизно, редовно и навремено исплаќање на пензиите, нашите клиенти можат практично и навремено да управуваат со своите средства.

На нашите клиенти пензионери, како и на нивните потесни семејства им посакуваме Среќна Нова година и убави празници!

Види повеќе

29 ДЕКЕМВРИ 2016

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КЛИЕНТИ

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека на ден 31.12.2016 година (сабота) експозитурите на Шпаркасе Банка и сервисот за електронско банкарство ќе работат со редовен режим на работа за ден сабота.

На ден 02.01.2017 година (понеделник) од 06:00 часот сервисот за електронско банкарство ќе биде во прекин краток временски период.

Ви посакуваме среќни празници!

Види повеќе

07 ДЕКЕМВРИ 2016

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН

Почитувани клиенти,

Согласно информација од Министерството за труд и социјална политика согласно со Законот за празниците на РМ  („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2016 година (четврток), ‘’Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.  

Банката нема да работи во четврток 8 декември 2016 година.  

Во петок 9 декември Шпаркасе Банка ќе работи со редовен режим на работа.  

Ви посакуваме среќен празник! 

Види повеќе

02 ДЕКЕМВРИ 2016

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАДГРАДБА НА СИСТЕМ

Почитувани,

Ве известуваме дека поради надградба на системот на Банката, услугата за Електронско банкарство ќе биде во прекин од 01:00 до 01:30 часот на 04.12.2016 година (недела).

Ви благодариме на разбирањето.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје

Види повеќе

24 НОЕМВРИ 2016 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАДГРАДБА НА СИСТЕМ

Почитувани клиенти,

Во периодот од 26.11.2016 од 19:00 часот до 27.11.2016 19:00 часот ќе се врши надградба на системот, поради што системот за Електронско Банкарство нема да биде достапен.

Ви благодариме на разбирањето.

Види повеќе

22 НОЕМВРИ 2016

КХВ ИЗДАДЕ ОДОБРЕНИЕ НА ШПАРКАСЕ БАНКА ЗА УЧЕСТВО НА ПАЗАРОТ НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје преку Одделението за работи со хартии од вредност ќе биде 11-ти овластен учесник на нашиот пазар на хартии од вредност.

Со оваа одделение, во следните три години ќе раководи Драган Илкоски.

Одделението за работи со хартии од вредност ќе ги врши сите услуги со хартии од вредност и тоа:

Види повеќе

01 НОЕМВРИ 2016

ШПАРКАСТИЧНА НАГРАДНА ИГРА

Од денес започнува најновата Шпаркастична наградна игра во организација на Шпаркасе Банка Македонија, со богат фонд на награди за корисниците на дебитните и кредитните картички од брендот MasterCard. Како главна награда Банката доделува автомобил Opel Astra, како и други вредни награди, скутер Piaggio Liberty и пет мобилни телефони iPhone 7.

Правилата за учество им овозможуваат на корисниците на картичките од брендот MasterCard да учествуваат со секоја поединечна трансакција во износ над 300,00 денари, направена во периодот од 01.11.2016 до 31.12.2016 година. Со секоја трансакција корисниците ќе добијат по една шанса за учество во наградната игра, а доколку трансакциите се направени со MasterCard Debit бесконтактната картичка дури и двојна шанса за учество.

Види повеќе

31 ОКТОМВРИ 2016

ЕКСПОЗИТУРА НА ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА НА НОВА ЛОКАЦИЈА ВО ОХРИД 

Шпаркасе Банка ја отвори својата експозитура, на нова локација во Охрид.

Свеченото отворање се одржа во 12 часот, и на него присуствуваа бројни гости и клиенти на Банката од Охрид и околината, по што следеше и коктел-забава во бистро „Corner“. Свое обраќање пред гостите имаа претставниците на Шпаркасе Банка Македонија, кои ја претставија деловната стратегија на Банката за проширување на својата мрежа секаде каде што постои потенцијал и можност, со цел услугите на Шпаркасе Банка да станат што подостапни за сите корисници. Покрај информациите за услугите и производите на Банката, оваа експозитура дополнително ќе функционира и како поддршка при зајакнувањето на локалниот развој на заедниците.

Види повеќе

25 ОКТОМВРИ 2016

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАДГРАДБА НА СИСТЕМ

Почитувани клиенти,

Поради надградба на системот Ве известуваме дека услугата Електронско банкарство, денес 25.10.2016г. ќе биде во прекин најмногу 15 минути започнувајќи од 16:00 часот.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје

Види повеќе

25 ОКТОМВРИ 2016

ПЕНЗИЈА НА 1-ВИ, НОВ ПАКЕТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИ НА ШПАРКАСЕ БАНКА

Шпаркасе Банка на пазарот го претстави својот најнов пакет услуги наменет за сите пензионери, корисници на услугите на Банката. Имено, станува збор за пакет со кој пензионерите ќе добијат низа предности и поволности, меѓу кои главна предност е подигнувањето пензија редовно на првиот ден од месецот, со што ќе можат практично и навремено да управуваат со своите средства. Доколку првиот ден од месецот е неработен ден, пензијата ќе биде исплатена претходниот работен ден. 

Види повеќе

21 ОКТОМВРИ 2016

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН - ДЕН НА РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА БОРБА

Почитувани клиенти,

Согласно Законот за празници на Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07),23 октомври 2016 година (недела), Денот на Македонската револуционерна борба, односно 24 октомври 2016 година (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Банката нема да работи во понеделник, 24-ти октомври 2016 година.

Во вторник 25.10.2016 година Шпаркасе Банка ќе работи како вообичаено со редовен режим на работа.

 

Види повеќе

18 ОКТОМВРИ 2016

ИНФОРМАЦИЈА ЗА РЕЛОКАЦИЈА НА ЕКСПОЗИТУРА ОХРИД

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека од вторник 25.10.2016 година (со почеток од 12:00 часот), услугите на Експозитурата во Охрид ќе можете да ги користите на новата локација, ул.7-ми Ноември бр.1. Експозитурата ќе биде во функција на постоечката локација (ул. Партизанска бр 1/1) заклучно со четврток 20.10.2016 година. Изменетиот режим на работно време е прилагоден само за периодот на релоцирање на експозитурата на новата локација, по што експозитурата ќе продолжи да функционира со редовното работно време.

Во меѓувреме, Ви стојат на располагање алтернативните канали за извршување на секојдневните трансакции и услуги, како што се банкомат и електронско банкарство NetBanking.

Ви благодариме за разбирањето.

Види повеќе

10 ОКТОМВРИ 2016

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НЕРАБОТЕН ДЕН - 11ТИ ОКТОМВРИ

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (,,Службен  весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 11 Октомври 2016 година (вторник), Денот на народното востание е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Банката нема да работи во вторник, 11-ти октомври 2016 година.

Во среда, 12.10.2016 година Шпаркасе Банка ќе работи со редовен режим на работа.

 

Види повеќе

03 ОКТОМВРИ 2016

СТУДЕНТИТЕ ИЗБРАА!  ШПАРКАСЕ БАНКА - ОМИЛЕНА БАНКА!

Шпаркасе Банка Македонија е добитник на сертификацијата STUBRAND 2016, со што стана прва и единствена банка во Република Македонија што го добива ова престижно признание за најпопуларен бренд според македонските студенти.

Истражувањето што го спроведе STUBRAND Macedonia оваа година ја мереше перцепцијата за имиџот на вкупно 405 брендови во 19 различни категории кај студентската популација. Според резултатите, Шпаркасе Банка ужива позитивен имиџ на брендот од 53%, односно голема емотивна приврзаност кон брендот кај студентите, а со тоа и ги исполни високите критериуми за стекнување на сертификатот STUBRAND 2016.

Види повеќе

02 ОКТОМВРИ 2016

НАГРАДЕН КОНКУРС НА ШПАРКАСЕ БАНКА И КОЛИБРИ 

Пред точно 92 години, на 31 октомври 1924 година, во Милано , Италија, се состанале најголемите светски банкари од дури 29 земји и се договориле токму овој датум да се прогласи за Светски ден на штедењето.

Тоа е направено за да се обрне внимание на тоа колку вреди да се штеди, затоа што заштеденото може да го искористите токму кога ви е најпотребно.

Посакајте си нешто убаво и бидете истрајни за да го добиете. Но, не истрајни со молење или плачење, туку со штедење и собирање денар по денар. Секој ден заштеденото се зголемува и на крајот ќе имате доволно да си го купите тоа што сте го посакале на почетокот.

Е, затоа вреди да се штеди! 

Види повеќе

30 СЕПТЕМВРИ 2016

БИЗНИС ИДЕЈАТА „СЛУШНИ СЛИКА“ ПОБЕДНИК НА НАГРАДАТА ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Специјални очила кои ќе им овозможат на лицата со оштетен вид да ги препознаваат објектите кои се наоѓаат во непосредна близина на слепото лице е идејата која го освои првото место на Наградата за социјално претприемништво. На свечената церемонија за прогласување на победниците која се одржа вечерва (29.09.2016) во просториите на Хаб Скопје, на првонаградените им беше врачена парична награда од 3000 евра, од страна на Шпаркасе Банка Македонија, главен партнер на оваа програма.  

Види повеќе

29 СЕПТЕМВРИ 2016

ERSTE INVSTORS' BREAKFAST – КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЕРСТЕ БАНКА И ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА

Скопје – 29.9.2016 г. Четврта година по ред, во организација на Ерсте Банка и Шпаркасе Банка Македонија, во х. Мериот се одржа конференцијата „Erste Breakfast". Свое учество на оваа конференција имаа значајни аналитичари и експерти од оваа реномирана банкарска групација, како и од македонскиот финансиски сектор, кои ги дадоа своите предвидувања за движењето и развојот на финансиските пазари во Европа и во регионот

Види повеќе

20 СЕПТЕМВРИ 2016

СОРАБОТКА УКЛО - ШПАРКАСЕ БАНКА

На 20 септември 2016 година во Ректоратот на УКЛО, генералниот директор на Шпаркасе Банка, Глигор Бишев и ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски потпишаа Меморандум за соработка.

Види повеќе

19 СЕПТЕМВРИ 2016 

ПАКОМАК И ШПАРКАСЕ БАНКА ЧЕТВРТА ГОДИНА ПО РЕД ГИ НАГРАДУВА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА КОИ СЕ ГРИЖАТ ЗА ПОЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА 

Со мотото „Рециклирање?! - КАЖИ ДА!“ денес во спортскиот центар „Борис Трајковски“ Пакомак и Шпаркасе Банка ги доделија наградите на основните училишта кои покажаа завидни резултати во однос на селектирањето на рециклажната амбалажа.

43.500 ученици од 76 основни училишта во општините Гази Баба, Карпош, Центар, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Чаир и Бутел цела учебна година организирано собираа пластични шишиња, а како награда за ваквите активности добиваа донација од течен сапун од Пакомак, и учеа за важноста од селектирање и рециклирање на амбалажниот отпад, времето на распаѓање на материјалите во природата, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија со цел да го увидат бенефитот од правилното однесување со амбалажниот отпад и заштитата на животната средина.

Види повеќе

12 СЕПТЕМВРИ 2016

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА 12-ТИ СЕПТЕМВРИ - КУРБАН БАЈРАМ

Почитувани клиенти,

Согласно информацијата на Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ, 12 септември 2016 г. (понеделник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам е неработен ден за граѓаните од муслиманска вероисповед на Република Македонија.

Експозитурите Дебар, Гостивар, Тетово и Чаир нема да работат на 12 септември 2016година.

Прв работен ден на горенаведените експозитури по празникот е 13 септември 2016година (вторник).

Види повеќе

7 СЕПТЕМВРИ 2016

УГД И ШПАРКАСЕ БАНКА ЈА ОФИЦИЈАЛИЗИРАА СОРАБОТКАТА

Соработката која и досега ја имаат Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Шпаркасе банка од денеска е официјализирана преку потпишување на Меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа генералниот директор на Шпаркасе банка, Глигор Бишев, и ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Блажо Боев

Види повеќе

07 СЕПТЕМВРИ 2016

ИНФОРМАЦИЈА ЗА 8-МИ СЕПТЕМВРИ - ДЕН НА НЕЗАВИСНОСТА

Почитувани,

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (,,Службен  весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 8 септември 2016 година (четврток), Денот на независноста е неработен ден за граѓаните на Република Македонија. 

Ве молиме да ги информирате клиентите дека Банката нема да работи во четврток, 8-ми септември 2016 година.

Во петок 09.09.2016 година Шпаркасе Банка ќе работи како вообичаено со редовен режим на работа.

Види повеќе

8 АВГУСТ 2016

ДА ПОМОГНЕМЕ ЗАЕДНО!

Шпаркасе Банка Македонија денеска донираше 1.000.000 денари како финансиска помош за семејствата од поплавените подрачја на Град Скопје и градот Тетово, кои како последица на силното невреме изминатиот викенд претрпеа големи материјални штети и загуби на своите најблиски

Види повеќе

15 ЈУЛИ 2016

ШПАРКАСТИЧНО ПАТУВАЊЕ, ЕКСКЛУЗИВЕН НАСТАН НА ШПАРКАСЕ БАНКА

 Шпаркасе Банка Македонија  по повод свеченото отворање на фестивалот „Пивофест“, во соработка со Македонски Железници Транспорт АД, организираше ексклузивно патување со воз на релација Скопје – Прилеп – Скопје. На „Шпаркастичното патување“ присуствуваа бројни гости, соработници и вработени во Шпаркасе Банка Македонија, а посебен вагон беше резервиран и за #smladi – корисниците на Пакетот за млади, чиешто присуство го направи ова патување уште поинтересно.

Види повеќе

08 ЈУЛИ 2016

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАДГРАДБА НА СИСТЕМ

Почитувани,

Ве известуваме дека поради надградба на системот, услугата за електронско банкарство ќе биде во прекин од 00:00 до 08:00 часот на 10.07.2016 година (недела).

Ви благодариме на разбирањето.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје

Види повеќе

4 ЈУНИ 2016

ИНФОРМАЦИЈА ЗА РАМАЗАН БАЈРАМ

Почитувани,

Согласно информација на Министерство за труд и социјална политика и согласно Законот за празници на РМ, 5-ти јули 2016 година (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден на сите граѓани на РМ.

Банката нема да работи во вторник, 5-ти јуни2016 година.

Во среда 06.07.2016 година Шпаркасе Банка Македонија ќе работи со редовен работен режим.

Види повеќе

28 ЈУНИ 2016

ДЕПОЗИТ ПО ВИДУВАЊЕ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА

Почитувани,

Ве известуваме дека во 2014 година Банката го укина продуктот - Депозит по видување за физички лица. Имајќи предвид дека производот е неактивен подолг период, Банката во текот на месец јуни 2016 година ќе изврши пренос на девизните депозити по видување со салдо до МКД 1.000 (во противредност на странска валута) на девизната трансакциска сметка на Носителот.  

Види повеќе

25 ЈУНИ 2016

ДОНАТОРСКА АКЦИЈА ВО СОС ДЕТСКО СЕЛО

Шпаркасе Банка Македонија во рамките на својата стратегија и активностите кои се дел од платформата Sparkasse Life, веќе четврта година по ред ја реализира својата поддршка за децата од СОС Детско село. Оваа година, во пресрет на 15 годишениот  јубилеј на СОС Детско село, решивме повторно да ги поддржиме нашите мали пријатели.

Годинава, главниот акцент во СОС Детското село е подобрувањето на животните услови на децата, реновирање на семејните куќи, промена на прозорци, фасади и сл. активности кои се од голема важност за подобрување на квалитетот на живеење на овие деца.

Шпаркасе Банка Македонија заедно со Винер Осигурување ја обезбедија потребната финансиска поддршка за бојадисување на внатрешните ѕидови на 11 семејни куќи, со што се овозможи освежување, дезинфекција и разубавување на животниот простор на децата.

Види повеќе

22 ЈУНИ 2016

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАДГРАДБА НА СИСТЕМ

Почитувани, 

Ве известуваме дека поради надградба на системот, можен е прекин во работењето на ПОС уредите во петок 24.06.2016г. во периодот од 07:00 до 08:00.

Ви благодариме на разбирањето.

Види повеќе

21 ЈУНИ 2016

РЕЛОКАЦИЈА НА ЕКСПОЗИТУРА ПРИЛЕП

Почитувани клиенти,

Поради релокација на Експозитурата на нова локација, Ве известуваме дека Експозитурата нема да работи на 08.07.2016г. (петок) и 09.07.2016г. (сабота). Експозитурата ќе биде во функција на постоечката локација (ул. Марксова 1/1) заклучно со четврток 07.07.2016 година.

Од понеделник 11.07.2016 година (со почеток од 11:00 часот), услугите на Експозитурата Прилеп ќе можете да ги користите на новата локација, ул. Илинденска бр.1 влез 2. Изменетиот режим на работно време е прилагоден само за периодот на преместување на Експозитурата на новата локација, по што Експозитурата ќе продолжи да функционира со редовно работно време.

 

Види повеќе

16 ЈУНИ 2016 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДУХОВДЕН

Почитувани,

Согласно информација на Министерство за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ, 17-ти јуни 2016 година (петок) Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Банката нема да работи во (петок) 17-ти јуни 2016 година.

Во (сабота) 18.06.2016 година Шпаркасе Банка Македонија ќе работи како вообичаено со редовен режим на работа за сабота.

Види повеќе

03 ЈУНИ 2016

ИНТЕРВЈУ - САВА ДАЛБОКОВ

 Во 2015 година, за прв пат од изминатите години, постигнавме солиден раст во работењето со клиентите. Кредитите на населението ги зголемивме за преку 25%. Во кредитирањето на правните лица не забележавме раст, но значително ја подобривме структурата на портфолиото и заменивме голем број на нефункционални кредити со пласмани кон бонитетни клиенти. Потврда за нашата стабилност и балансирана стратегија е и зголемувањето на депозитите на клиентите од преку 25%. 

Види повеќе

02 ЈУНИ 2016

ШПАРКАСЕ БАНКА ДЕЛ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА ОПРЕМУВАЊЕ НА ДЕТСКА СОБА НА КЛИНИКАТА ЗА РАДИОЛОГИЈА И ОНКОЛОГИЈА

Денес, во 12 часот,  во просториите на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија Скопје, беше објавена хуманитарната иницијатива за опремување и разубавување на детската соба која функционира во склоп на клиниката.

Види повеќе

01 ЈУНИ 2016

ШПАРКАСЕ БАНКА ГО ЗГОЛЕМИ УДЕЛОТ ВО МАКЕДОНСКА БЕРЗА И ЦДХВ

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје го зголеми своето сопственичко учество во друштвата Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје и Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје, преку купување дополнителен пакет обични акции со право на глас. Со донесеното Решение од страна на Комисијата за хартии од вредност и со реализација на трансакцијата за стекнување на акциите, Банката го зголеми своето портфолио на акции во Македонска Берза АД Скопје од 6,02% на 15,97%, додека преку купување на дополнителен пакет на акции го зголеми и своето учество во Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје од 5,95% на 19,98%.

Види повеќе

01 ЈУНИ 2016

ШПАРКАСЕ БАНКА СО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА МАТУРАНТИТЕ И ПОЛУМАТУРАНТИТЕ ОД ДОМОТ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ 11-ТИ ОКТОМВРИ

Денес, во 14 часот, Шпаркасе Банка Македонија подготви пријатни изненадувања по повод прославата за матурантите и полуматуранти во Домот за деца без родители „11-ти Октомври“, со скромни подароци кои донесоа многу радост и широка насмевка на детските лица.

Претставниците на Шпаркасе Банка и останатите донатори беа пречекани со свечена приредба, со која децата ја покажаа својата благодарност за нивната досегашна помош и поддршка.

Види повеќе

23 МАЈ 2016

ИНФОРМАЦИЈА ЗА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Почитувани,

Согласно информацијата на Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празниците на РМ, 24-ти мај 2016 година (вторник), ,,Св Кирил и Методиј”, Денот на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Банката нема да работи во вторник, 24-ти мај 2016 година.

Во среда 25.05.2016 година Шпаркасе Банка Македонија ќе работи со редовен работен режим.

Види повеќе

19 МАЈ 2016

ПРОШИРУВАЊЕ НА ДЕЛОВНАТА МРЕЖА НА ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА

ОТВОРЕНА НОВА ЕКСПОЗИТУРА ВО ВИНИЦА

 Вчера во 14 часот официјално беше отворена 28-та експозитура на Шпаркасе Банка Македонија во Виница

На свеченото отворање присуствуваа бројни гости и клиенти на Банката од општина Виница и од источниот регион на државата. Претставниците  на Шпаркасе Банка Македонија во своето обраќање пред присутните  информираа за деловната стратегија за проширување на својата мрежа секаде каде што постои потенцијал и можност. Во рамките на таа стратегија и под своето мото „Банка на вашето семејство“ е и отворањето на новата експозитура во Виница, со што Банката станува достапна како за деловните субјекти така и за граѓанството во тој регион. Како општествено одговорна компанија Банката со своето делување ќе продолжи силно да го поддржува развојот на локалните заедници секаде каде што е присутна. Шпаркасе Банка Македонија како дел од голема Групација , која  речиси 2 века овозможува  финансиска поддршка и услуги на своите клиенти од регионот на Југоисточна Европа, ја потврдува својата посветеност во делувањето и кон добробитта на заедниците во кои е присутна.  

Види повеќе

12 МАЈ 2016

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДИГИТАЛНО ПОТПИШУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Почитувани,

Следејќи ги најновите стандарди за безбедност во информатичката технологија, Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје наскоро ќе започне со дигитално потпишување на документите кои се доставуваат на е-маил адресите на клиентите. Тоа значи дека Банката ја потврдува и ја гарантира автентичноста на доставениот документ. Дигитално потпишаните документи можат да се отворат на вообичаениот начин како и до сега.

Со почит,

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје

Види повеќе

28 АПРИЛ 2016

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ - ВЕЛИГДЕН

Почитувани,

Согласно информацијата на Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празници на РМ 29-ти април 2016 година (петок), Велики петок е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Р. Македонија.

Исто така 1-ви мај 2016 година (недела), Денот на трудот, односно 2-ри мај 2016 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Р. Македонија.

Банката нема да работи во петок, 29-ри април 2016 година и понеделник 2-ри мај 2016.

Во сабота, 30-ти април 2016 година експозитурите на Банката ќе работат со редовен режим на работа за сабота.

Види повеќе

23 АПРИЛ 2016

ШПАРКАСЕ БАНКА ЈА ОБЈАВИ НОВАТА ПЛАТФОРМА ЗА КОРПОРАТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ SPARKASSE LIFE

Шпаркасе Банка Македонија оваа сабота, на тревникот пред популарната „Школка“ во Градскиот парк во Скопје, пред голем број посетители ја промовираше новата платформа за општествена одговорност - Sparkasse Life.

Оваа платформа ги опфаќа повеќе области од општествениот живот кои до сега Шпаркасе Банка Македонија успешно ги развиваше во рамките на нејзината стратегија за корпоративна општествена одговорност, а која опфаќа повеќе сегменти:  културата и уметноста, здравството, образование и наука, како и социјално ранливите категории на граѓани и лицата со тешки и ретки болести. Како една нова област која ќе се развива во рамките на Sparkasse Life платформата е поддршката на спортот во функција на водење на здрав живот. 

Види повеќе

20 АПРИЛ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАДГРАДБА НА СИСТЕМ

Почитувани, 

Ве известуваме дека поради надградба на системот, можен е прекин во работењето на банкоматите кои се наоѓаат во Eкспозитурите на Банката во четврток 21.04.2016 година во периодот од 17:00 до 18:00 часот.

Достапни за услуга ќе Ви бидат останати банкомати:

Види повеќе

14 АПРИЛ 2016

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАДГРАДБА НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО

Почитувани,

Ве известуваме дека поради надградба, системот за електронско банкарство ќе биде во прекин во периодот од 02:00 до 03:00 часот на 15.04.2016 година (петок).

Види повеќе

01 МАРТ 2016

СО ПАКЕТОТ GO4 HOME ДО ВАШИОТ НОВ ДОМ!

Денес во рамките на Саемот на градежништво под мотото „Уживајте во Вашиот нов дом“ Шпаркасе Банка Македонија, градежната компанија Настел, Винер Лајф Осигурување и Винер Осигурување го претставија најновиот пакет за станбено решение - GO4 Home.

Шпаркасе Банка Македонија во соработка со градежната компанија Настел и своите стратешки партнери во областа на осигурувањето, Винер Осигурување и Винер Лајф,  под платформата GO4 воведе уште една уникатна финансиска понуда за станбен кредит и полиса за животно осигурување и осигурување од други ризици. Пакетот GO4 Home содржи станбен кредит со фиксна каматна стапка од 2,9% за првите три години во комбинација со животно осигурување, полиса за осигурување на станот, како и дополнителни понуди на банката, кои вклучуваат кредитна картичка и дозволено пречекорување на трансакциската сметка на клиентот.

Види повеќе

16 ФЕВРУАРИ 2016

НАГРАДА ЗА СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО 2016 (Social Impact Award)

Денес во Скопје официјално беше отворен конкурсот за избор на најдобро иновативно решение во сферата на социјалното претприемништво ‘‘Наградата за социјално претприемништво 2016‘‘ (Social Impact Award 2016) наменето за студенти и млади од Македонија.

Наградата за социјално претприемништво по втор пат ќе се организира во Македонија. Оваа награда веќе е присутна во 12 земји во Европа со поддршка на Фондацијата ЕРСТЕ и Impact Hub Vienna. Во Македонија истата ќе биде во организација на Младиинфо Интернационал, во партнерство со Шпаркасе Банка Македонија, Пакомак, ЈСП Скопје, Маратон,  Конто Профит и Јавна Соба.

Види повеќе

05 ФЕВРУАРИ 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЛОКАЦИЈА НА ЕКСПОЗИТУРА СТРУГА

Почитувани клиенти,

Ве известуваме дека од понеделник 15.02.2016 година (со почеток од 12:00 часот), услугите на Експозитурата во Струга ќе можете да ги користите на новата локација, ул.Маршал Тито бр. 1/1. Експозитурата ќе биде во функција на постоечката локација (ул. 15-ти Корпус бр.2) заклучно со четврток 11.02.2016 година. Изменетиот режим на работно време е прилагоден само за периодот на релоцирање на експозитурата на новата локација, по што експозитурата ќе продолжи да функционира со редовното работно време.

Во меѓувреме, Ви стојат на располагање алтернативните канали за извршување на секојдневните трансакции и услуги, како што се банкомат и електронско банкарство NetBanking.

Види повеќе

21 ЈАНУАРИ 2016

НОВИТЕТ ОД ШПАРКАСЕ БАНКА И ВИНЕР ЛАЈФ

 Менаџментот на Шпаркасе Банка Македонија и Винер Лајф го најавија проширувањето на соработката помеѓу двете компании преку претставување на најновиот производ – ПРОФИТ. 

Покрај досегашната понудена палета производи, која претставува комбинација на кредити и животно осигурување што Шпаркасе Банка Македонија ги нуди во соработка со Винер Лајф, се воведува уште еден производ – ПРОФИТ. Станува збор за производ на мешовито животно осигурување со штедна компонента. Кај овој производ во случај на настанување на осигурениот настан или во случај на доживување, на осигуреникот му се исплатува осигурената сума зголемена за припишана добивка. На тој начин им се дава можност на клиентите да обезбедат сигурност за своите најблиски и притоа да заштедат. 

Види повеќе

18 ЈАНУАРИ 2016

СТИПЕНДИЈА „BEST OF SOUTH EAST“

Прошири ги видиците,помести ги границите! Биди најдобар на Југоистокот!

Ако сакаш...

да го надградиш знаењето кое си го стекнал/а на додипломските односно постдипломските студии по право или економија; да стекнеш искуство во меѓународното студирање на еден од најстарите австриски универзитети; да ги комбинираш студиите со пракса или обука во една од најмодерните банкарски институции во покраината Штаерска; да се развиваш и учиш во меѓукултурално опкружување, во еден од најголемите студентски центри во Австрија, за време на едногодишен престој...

Види повеќе

18 ЈАНУАРИ 2016

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ - БОГОЈАВЛЕНИЕ (ВОДИЦИ)

Согласно информацијата на Министерство за труд и социјална политика и Законот за празници на РМ, 19.01.2016 г (вторник), Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.

Ве информираме дека Шпаркасе Банка Македонија нема да работи вторник 19.01.2016 година.

Прв работен ден по празникот е 20.01.2016 година (среда).

Види повеќе

05 ЈАНУАРИ 2016

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ - БАДНИК И БОЖИЌ

Согласно информацијата на Министерството за труд и социјална политика и согласно Законот за празници на РМ, 6-ти Јануари 2016 (среда) Бадник, ден пред Божиќ, е неработен ден за сите граѓани од православна вероисповед и 7-ми Јануари 2015 (четврток), првиот ден на Божиќ според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на РМ. 

Прв работен ден по празниците е 08.01.2016 година (петок).

 

Види повеќе
a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје