facebook
you-tube
Барај
Станбен кредит во соработка со АДОРА инженеринг

Сега уште полесно може да стигнете до Вашиот нов дом, со станбениот кредит од Шпаркасе Банка со атрактивна каматна стапка од 2,9% фиксна за првите 3 години. Искористете ја можноста да го остварите Вашиот сон за нов дом на најбрз и наједноставен начин.

Аплицирајте и искористете ги сите предности на станбениот кредит од Шпаркасе Банка:

  • 2,9% фиксна каматна стапка за првите ТРИ години;
  • Променливи камати после првите ТРИ години почнувајќи од 5,8%;
  • Минимално сопствено учество почнувајќи од 15%;
  • 0% провизија за одобрување на кредитот;
  • 0 МКД трошоци за проценка на имотот во првата година;
  • Максимален рок на отплата до 30 години;
  • Обезбедување на кредитот е хипотека на недвижен имот.

Комплексот Адора Flatiron во централната зона на Скопје, на 900 m од Плоштад Македонија, нуди сигурни, квалитетни, енергетски ефикасни станови од 30 до 266 m², без бучава, со заштеда на енергија и здрав воздух во домовите. Светскиот тренд на зеленото домување е во објектот Адора Diamond Garden во скопски Карпош-Тафталиџе, во еко домови од 30 до 165 m², со изобилство природна светлина, свеж воздух и внатрешно зеленило. Проверете зошто изминативе 15 години на Адора инженеринг довербата ја дале над 2.700 купувачи и зошто компанијата е наградена со четири светски признанија за квалитет во домувањето.

За сите дополнителни информации и во врска со условите за кредитирање, обратете се во експозитурите на Шпаркасе Банка.

Намена: Наменски кредит за купување на станбен простор што го гради инвеститорот Адора инженеринг.

Напомена: За лица кои не ја примаат платата преку Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, а сакаат да аплицираат за овој продукт мора да достават изјава дека платата ќе ја префрлат преку Банката во рок од 45 дена од датумот на склучување на Договорот за кредит.

Останато: Интеркаларната камата се наплатува од денот на реализација на кредитот до ставање на кредитот во отплата.

 

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје