facebook
you-tube
Барај
Стратегија за општествена одговорност

Корпоративната општествена одговорност секој ден добива сè повеќе на значење и на некој начин ја одредува улогата на бизнисот во општеството. Општествено одговорниот однос има огромна легитимна, етичка и економска одговорност и е дел од нашиот одржлив развој во општеството, како Банка. Толкувањето на општествената одговорност кај нас е всушност формирање на ‘‘заеднички вредности‘‘, а улогата на Шпаркасе Банка, според ова толкување е да создава вредности за сите страни од интерес, но на начин кој истовремено ќе создаде вредности во заедницата во која живееме.

Корпоративната опшествена одговорност е во ДНК –то на нашата групација. Шпаркасе Банка Македонија е членка на Штаермеркише Шпаркасе со традиција од 188 години, кај која уште од самиот почеток општествено одговорното работење претставува составен дел од корпоративната филозофија и долгорочната деловна стратегија. Корпоративната општествена одговорност е јакнење на корпорацискиот идентитет што подразбира континуирано унапредување на одговорноста на нашата Банка што ја имаме на локално ниво.

За нас општествено одговорното работење претставува стратешка рамка за управување, заснована на вложување во долгорочни и стабилни односи со сите клучни субјекти: вработени, клиенти, аккционери, пазар и општествената заедница.

Искуството покажа дека, во глобалната интеграција, не е можно да се применуваат вообичаени начини на работење: локалните кризи многу бргу стануваат глобални, а економските проблеми се тесно поврзани со еколошките и социјалните проблеми. Како последица на тоа, бизнисот, јавниот и непрофитниот сектор, повеќе не можат да делуваат одвоено еден од друг и соодветно да реагираат на тие околности. Општествено одговорно работење е пристап кој ни овозможува, успешно да се соочиме со предизвиците кои нам ни ги наметнува пазарот. Тоа е концепт кој нè поттикнува да бидеме иновативни, да го охрабруваме одржливиот развој, да управуваме одговорно со ризикот, да ги намалиме трошоците, постигнувајќи на тој начин подобри деловни резултати за нашата компанија, клиентите, но и за заедницата во која делуваме.

Стратегијата за корпоративна општествена одговорност на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е усвоена во септември 2011 година. Во нашата Банка е точно утврдено во кој организациски дел се наоѓа КОО, а тоа е Службата Маркетинг и комуникации и таа е изградена на следниве принципи:

  • “Compliance driven” – обезбедуваме благосостојба на зедницата во согласност со законските прописи и правила;
  • Грижа – овој принцип се заснова на баланс во однос на економските, социјални и интереси на зедницата, во кои Банката може најмногу да помогне во делот на општествено одговорно работење;
  • Синергија – вклучувајќи ја корпоративната општествена одговорност во потрага сме по функционални решенија за проектите кои ги имаме, земајки ги предвид сите релевантни фактори. Овој принцип се однесува на подеднаква застапеност на општествено одговорни активности во сите области од работењето на Банката, како и во сите области предвидени со Стратегијата.
  • Холистички метод – КОО е интегрирана во потполност во секој аспект од работењето во Банката, ориентирани сме за придонес во квалитетот за работа, со што создаваме позитивен дух помеѓу вработените.
  • Интегративен пристап – Оваа Стратегија се потпира на веќе постоечки механизми и изградени системи на управување и работење во Банката, како и на механизми и резултати постигнати со досегашната успешна примена на Стратегијата за Корпоративна општествена одговорност.

Области низ кои се спроведува Стратегијата за општествено одговорно работење на Шпаркасе Банка се:

  • Корпоративно управување
  • Одговорност кон клиентот
  • Одговорност во работата 
  • Одговорност кон општествената заедница
  • Одговорност кон животната средина

Посебна карактеристика на нашиот ангажман претставуваат напорите кои ги вложуваме во промовирање на концептот на општествено одговорно работење во Македонија, како преку сопствен пример, така и преку интензивна соработка со нашите партнери. Под партнерство и долгорочна соработка подразбираме јасен показател во определеноста кон КОО во остварување на заедничка цел на еден одреден проект.

Известувањето за општествената одговорност за нас е составен дел од широк процес на кој сме долгорочно посветени – постојано унапредување на Стратегијата за општествено одговорно работење и општествено одговорни активности, во согласност со потребите на целните групи, клиентите, пазарот, интересентите, поединците, како и потребите на општествената заедница.

Сите дополнителни прашања, коментари и сугестии на тема општествена одговорност можете да ги испратите преку меил на следнава адреса: marketing@sparkasse.mk

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје