facebook
you-tube
Барај
Важно ни е вашето мислење

Почитувани клиенти,

Доколку имате нов предлог или совет кој би ни помогнал да ја подобриме нашата услуга, ве молиме слободно обратете се до нас. Секој контакт со вас ни дава можност да осознаеме колку сте задоволни и како можеме да ви помогнеме. Сакаме на секој наш клиент да му ги овозможиме најдобрите можни решенија.

КАКО ДА НИ ПРАТИТЕ ПОПЛАКА?

Поплака можете да ни доставите усно или во писмена форма. Доколку поплаката ја упатувате усно, вработените во Банката ќе се обидат да ви дадат соодветен одговор. Доколку не сте задоволни од добиениот одговор, вработените во Банката ќе ви ги дадат сите потребни информации за достава на поплака во писмена форма.

Поплаката во писмена форма треба да ги содржи личните податоци на подносителот:

  • Име и презиме / Назив на компанијата
  • Адреса на живеење / Адреса на правното лице
  • ЕМБГ / Матичен број
  • Контакт и/или e-mail адреса
  • Опис на спорниот случај (доколку постои, повикајте се на Договорот за кој се однесува поплаката)

ПРЕКУ КОИ КАНАЛИ НА КОМУНИКАЦИЈА МОЖЕТЕ ДА НИ СЕ ОБРАТИТЕ?

Без разлика дали станува збор за поплака, совет, предлог или пофалба, можете да ни ги доставите на следниот начин:

  • Во експозитурите на Банката со пополнување на формулар од кутијата „ваше мислење“.
  • Поплака - Преку e-mail на следната адреса: poplaki@sparkasse.mk или пополнете го Образецот за поплаки.
  • Пофалба - Преку e-mail на следната адреса: pofalbi@sparkasse.mk
  • Преку пошта на следната адреса:
    Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје
    Анализа и истражување на потрошувачот
    Служба Маркетинг и комуникации
    Ул. Македонија 9-11, 1000 Скопје
  • Телефонски на следниот број: +389 (0)2 3200 531 или +389 (0)2 3200 715, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Срдечно се заблагодаруваме за вашето време и труд!

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје