facebook
you-tube
Барај
За нас

Како вистински експерт во областа на финансиите ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД Скопје овозможува широка понуда на банкарски производи и услуги наменети за поддршка и развој, финансирање на физички и правни лица. Со фокус на клиентите и со 23-годишна традиција и искуство во банкарскиот сектор, како членка на Штаермеркише Шпаркасе и единствена австриска Банка во Македонија, Шпаркасе Банка  има само една определба:

  • Понуда на атрактивни и издржливи решенија за финансиските потреби на нашите клиенти
  • Континуирани инвестиции во развојот на нашата Банка, од страна на нашата матична куќа;
  • Етаблирање на Шпаркасе Банка како Банка од доверба и најпочитувана финансиска институција во Македонија;
  • Силен партнер за нашите клиенти и за заедниците каде што делуваме и работиме.

Визија

Зголемување на пазарниот удел и позиционирање на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје во ранг на најдобрите финансиски институции во Македонија. Преку максимизирање на вредностите на нашите главни целни групи - клиентите, вработени и акционерите, преку општественото  одговорно делување кон локалната заедница,  квалитетните услуги и понудата на производи кои ќе одговараат на потребите на клиентите, нашата визија е да бидеме една од најдобрите финансиски институции во нашата држава.

Мисија

 Шпаркасе Банка – Банка која се грижи за успехот на клиентите:

  • Компетентност;
  • Индивидуални решенија;
  • Континуирана иновативност во понудата;
  • Долгорочен раст и развој;
  • Лојални клиенти и задоволни вработени.

Цел

Одговорност.
Успехот на своите клиенти, вработени и придонес во општествената заедница е наша одговорност.

Довербата гради пријателство.
Почит кон работната етика. Партнерскиот однос помеѓу клиентите и вработените е клучот за нивната и нашата лојалност.

Искреност.
Комуникацијата е отворена и искрена. Секогаш го одржуваме дадениот збор.

Сигурност со гаранција.
Заштита на клиентот и вработениот е мото во Банката. Ние тоа го правиме со сите расположливи средства.

Индивидуални решенија.
Не постојат универзални решенија – секој клиент има право на понуда креирана за него. Со тоа му посветуваме внимание, време и привилегираност.

Иницијативата – како шанса.
Самоиницијатива, прифаќање на нови идеи и предизвици, амбиција во остварување на сопствените цели, се карактеристики по кои се води нашиот ТИМ.

a
Copyright Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје