img_02
  • 2024 25 Јуни
    Соопштенија Известување за нови IBAN броеви со примена од 1.7.2024

Ве известуваме дека согласно Одлуката на НБРСМ за водечкиот број на давателите на платежните услуги и стандардите за конструкција на платежните сметки, Службен весник на РСМ бр.289/22, Шпаркасе Банка АД Скопје конструираше нов IBAN број, чија примена при вршење на платежни кредитни трансфери со странство започнува од 01.07.2024 год.

Вашиот нов IBAN број ќе го добиете во допис на вашата домашна адреса, а доколку во меѓувреме имате потреба од информација поврзана со вашиот нов IBAN број, истата може да ја добиете во најблиската експозитура на Шпаркасе Банка.

Имено, потребно е да ги информирате своите соработници дека од 01.07.2024 година плаќањата кон вашата сметка треба да ги извршуваат со примена на новиот IBAN број. A, во периодот на усогласување на промената, Банката ќе овозможи непречено процесирање на сите трансакции во делот на девизно работење, вклучувајќи ги приливните трансакции на вашата девизна сметка.

Доколку имате дополнителни прашања поврзани со вашиот нов IBAN број може да се обратите до Контакт-центарот на Банката на 15 050, или во најблиската експозитура на Банката.