Business Net
BusinessNet овозможува:
- преглед на состојбата на денарска и девизна платежна сметка;
- преглед на состојбата на бизнис платежни картички;
- преземање изводи од денарска сметка, девизна сметка и бизнис картичка.
Доколку сакате да аплицирате за BusinessNet пополнете ја пристапницата за електронско банкарство и доставете ја во вашата најблиска експозитура на „Шпаркасе Банка".
Оваа услуга може да ја користат сите правни лица што имаат отворено платежна сметка (резиденти и нерезиденти)
Business Net Plus
BusineesNet Plus овозможува:
- преглед на состојбата и прометот на трансакциската сметка, депозитите, кредитните картички;
- добивање електронски извод;
- плаќање кон сите физички и правни лица, учесници во платниот промет во земјата, со образец ПП30 и ПП50 и реализација на плата со ПП53;
- можност за плаќање со поединечен и колективен потпис;
- можност за експортирање сите извештајни форми во соодветен формат;
- можност за експортирање налози во соодветен формат;
- можност за импортирање на налози генерирани од надворешни сметководствени апликации во соодветен формат;
- плаќање месечни режиски трошоци;
- пренос на средства меѓу сопствени сметки;
Доколку сакате да аплицирате за BusinessNet Plus, пополнете ја пристапницата за електронско банкарство и доставете ја во вашата најблиска експозитура на „Шпаркасе Банка".
Оваа услуга може да ја користат сите правни лица - резиденти што имаат отворено платежна сметка.
Преглед на состојба и на прометот
Преглед во секое време на вашата состојба (трансакциските сметки, орочените депозити во домашна и странска валута, денарските и девизните кредити, кредитните картички).
Заштеда на време и ресурси
Детален увид во сметките од кое било место во светот каде што имаат пристап до Интернет, плаќања од дома или од работно место, пониска провизија на реализираните налози, навремено информирање за сите нови продукти и услуги.
Детален увид во сметките од кое било место во светот каде што имаат пристап до Интернет.
Детален увид во сметките од кое било место во светот каде што имаат пристап до Интернет, плаќања од дома или од работно место, пониска провизија на реализираните налози, навремено информирање за сите нови продукти и услуги.
Детален увид во сметките од кое било место во светот каде што имаат пристап до Интернет.
Исплата на плати
Исплата на плати и преку сметката во Шпаркасе банка, без оглед дали примателот на плата има сметка во „Шпаркасе Банка".
Денарски и девизни налози за плаќање
Плаќање сметки, пренесување на средства од една сметка на друга со поповолни надоместоци.
Токен
За користење на сервисот за плаќање преку електронското банкарство на „Шпаркасе Банка Македонија", секое лице што е потписник на сметката на клиентот добива УСБ- токен со дигитален сертификат. Дигиталниот сертификат е замена за рачниот потпис и секое плаќање што се реализира (безготовински) треба да биде потпишано со еден или два дигитални сертификати, во зависност од начинот на потпишување (поединечно или колективно).
Дигитални сертификати за електронско потпишување на налозите може да добијат само овластените потписници на денарската сметка. Управителот на правното лице може да овластува други лица за работа со сервисот за електронско банкарство
Сигурна и едноставна пријава
Користете ги истото корисничко име и лозинка за најава и како физичко лице и како правно лице, но само на барање на корисникот (на пример, пристап до електронско банкарство за физички лица и електронско банкарство за правни лица користејќи ја истата апликација).