Без разлика дали ви треба платежна сметка, платежна картичка, депозит или кредит, вие барате сигурна банка како партнер во секојдневното банкарско работење.
Затоа е неопходно да ја одберете вистинската банка. Префрлете ги своите месечни примања на сметка во „Шпаркасе Банка АД Скопје" и реализирајте ги сите финансиски потреби по најповолни услови.
Отворање сметка во „Шпаркасе Банка АД Скопје"
Сакате вашата платежна сметка (денарска и девизна) да ја префрлите во „Шпаркасе Банка АД Скопје"? Без разлика дали причината е одобрување на кредит или едноставно нашата понуда повеќе одговара на вашите потреби - реализирајте го тоа во една од експозитурите на Банката.
Доколку на сметката што веќе ја користите во друга банка имате склучено трајни налози или примате плата/пензија нема потреба од грижи бидејќи сите услуги можете да ги префрлите во „Шпаркасе Банка АД Скопје".